08 Октомври, 2024
0.0240

Жени борци - жени БОРКИ

Објавено во: Стил 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Речиси и да нема семејство кое не се соочило со ракот. Во еден единствен миг, животот се распарчува на илјадници делови кои не знаеш да ги составиш. И ништо повеќе не е исто...никогаш повеќе. Мај 2001. Оттогаш не ја сакам пролетта. Дијагностициран рак на бели дробови кај татко ми, на неполни негови 53 години. Шок, неверување, моментот кога си велиш дека докторите сигурно нешто згрешиле, па чекаш да ти кажат дека е некаква лоша шега.. потем е моментот на бес. Зошто токму нему?! Зошто? 

Одговори нема. Едноставно, удира од глава и остава да се снаоѓате како знаете и умеете. Нема одговор зошто најмладиот пациент на кој му е дијагностициран ракот на дојка има само 17 години. Има само болка и гнев. Во тие мигови најважна е борбата и вербата. Психичкиот момент дека сме заедно во сета таа борба и дека заедно ќе ја минеме. Чувството на утеха кое го дава семејството и пријателите дека сѐ ќе биде во ред.

Кога седнав да го пишувам ова, бев со кнедла во грлото. Татко ми преживеа една огромна битка во која влезе со „ма какво умирање, имам јас допрва внуци за гледање“ (од внуци доби само една внука, ама ја изгледа и уште е тука за неа). Ден денес, на сите оние рутински контроли кои е неминовно да се вршат на одреден временски период, душата ми е стисната додека не го слушнам она смирувачкото дека резултатите се во ред. До следниот пат. И така е секој пат веќе 17 години. 

Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.