08 Октомври, 2024
0.0246

ЖЕНИТЕ ВО ДУБАИ НЕ ЧЕКААТ ВО РЕД: Приказната на менаџерката Марина Стојановска

Објавено во: Стил 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Не ми недостасува неможноста да се искаже нежност на јавно место, затоа што ако ве види и пријави локалец може да завршите в затвор и да бидете депортирани. Не ми недостасува неможноста да се заигра или да се запее на јавно место, на пример на јавна плажа или во парк затоа што и тоа епротивзаконски. 

По четири години поминати во Дубаи, менаџерката за маркетинг Марина Стојановска, се врати во Скопје. Примерот на оваа шармантна дама е обратен од останатите нашинци кои заминуваат во странство. И покрај успесите кои ги постигна во Дубаи и специјалната награда од тамошната полиција, Марина реши својата кариера како менаџер за маркетинг и односи со јавноста да ја гради во Скопје. Колку жените се почитувани во Дубаи, колку се строги казните ако се искажува нежност или мислење на јавно место, се дел од приказните на Марина кои ги сподели за Женски магазин. 

* Колку точно време работеше во Дубаи, и што поточно?

- Во Дубаи живеев повеќе од 4 години, а работев како менаџер за Маркетинг и Односи со Јавноста за еден од најголемите проекти таму „Falconcity of Wonders“, во сопственост на конгломератот „Almoosa Group“. Искуството што го стекнав таму е огромно и горда сум на постигнатите успеси, особено на наградата и сертификатот за благодарност од Полицијата на Дубаи за комуникациската поддршка во реализацијата на еден од нивните проекти ( White Points System ).

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.