06 Декември, 2025
0.0279

Жените знаат да препознаат добро вино и добар парфем: Разговор со Елена Милошевска-Јовановска, координатор во здружението „Вина од Македонија“

Објавено во: Стил 17 Декември, 2018 09:01

Добивај вести на Viber

Кој еднаш влегол во винскиот бизнис и го засакал виното, веќе никогаш не се откажал од својата професија, вели Елена Милошевска-Јовановска, координатор во здружението „Вина од Македонија“„ Жените успеваат во винскиот бизнис, токму поради природно развиената интуитивност. И покрај теоретското познавање кое е навистина многу важно, за оваа професија од огромно значење е постojaна дегустација на вина. Органолептичките карактеристики на вината можете да ги препознавате и осознаете единствено со постојани тестирање на различни вина, и што е исто многу важно истите да бидат од што е можно поразлични региони во светот. “, ни раскажа Елена на предновогодишната дружба во винаријата „Камник“.

Во здружението „ Вина од Македонија“, таа е од самите почетоци, од 2010 година. Целта на здружението е промоција на македонските вина на интернационалните пазари и градење на препознатливост и свест за македонското вино. 

„ Сосема случајно влегов во винскиот свет. На почетокот, најголем предизвик секако ми претставуваше да научам сѐ за винската индустрија, сѐ што е поврзано со виното. И сега по осум години откако сум таму, постојано учам“, вели Елена. „Тешко беше да се  совладаат многуте препреки, и ден денес ги има, се обидувам да ги совладувам и да координирам на најдобар можен начин, верувајте не е лесно. Патувањата, состаноците а и секојдневната работа бараат остапувања и во приватниот живот. Но, задоволна сум, исполнета со убава енергија, тоа е најважно“, додава таа. 

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: