25 Април, 2024
0.0267

Жено, Живеј!

Објавено во: Стил 26 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Сакав да бидам Глумица. Отсекогаш, откога паметам за себе. Како мала, како дел од маалските фестивали или претстави секогаш бев или водителката или една од најважните улоги. Во петто одделение, на часот по македонски добивме задача кој сака да одглуми дел од драма. Јас ја одбрав мајка Которичанка, подоцна дознав дека со таа драма се полага на ФДУ. Пуууу колку ми беше тешко да ја спремам. Мислам дека цела недела после часови се затворав во соба и секогаш заглавував на делот каде што треба да се расплачам. Не иде бре и не иде, ајде пробај со кромид да трљаш очи, ајде сеќавај се на нешто што те болело.. Е што да те боли на десет години бе, кога дома имаш се'.

Дента знам дека трема немав, текстот го знаев. Ама не бев сигурна за делот со плачењето. Почнав. Цело одделение занеме. Во дел од свесна секунда видов дека учителката ме гледа со полунасмевната и полуподзината уста. Влезе дете од друго одделение да бара креда, на што сите изреагираа и го избркаа. И дојде делот со плачењето. Бликнав од негде од кај што до ден денешен не знам од кај го извадив. Плачев, липтав, како да сум јас таа мајка која го повива мртвото дете во нејзините раце. Од сегашен аспект мислам дека знам каде ме заболе, тоа исконското интиутивно чувство вградено во секоја жена од дете, како е да се биде мајка. Целиот клас стана на нозе, викаа, аплаудираа, учителката ги извести дека за ова добивам петка до крајот на годината. Ќе се онесвестев од помешани емоции. 

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти