15 Декември, 2025
0.0423

ЖЕСТОКИ ЕКО ПРОТЕСТИ ВО ХАГ, МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“: Полицијата уапси над 1.500 луѓе

Објавено во: Свет 28 Мај, 2023 20:54

Добивај вести на Viber

На протестите за зажтита на животната средина во Хаг беа уапсени повеќе од 1.500 луѓе. Меѓу демонстрантите имаше и неколку холандски познати личности, меѓу кои и актерката од „Игра на тронови“, Карис ван Хаутен.

Повеќе од 1.500 луѓе беа уапсени за време на протестот на климатската група „ "Extinction Rebellion", соопшти холандската полиција.

Активисти попладнево блокираа дел од автопатот во знак на протест поради холандските субвенции за фосилни горива. Полицијата соопшти дека употребила водени топови за да ги растера активистите што го блокираа главниот пат во градот и уапси „вкупно 1.579 луѓе од кои 40 ќе бидат кривично гонети“ за вандализам.

Еден од активистите каснал полицаец при апсењето, соопшти полицијата. Неколку холандски познати личности беа меѓу демонстрантите, меѓу кои и Карис ван Хаутен, најпозната по улогата на Мелисандра во хит ТВ серијата „Игра на тронови“.

Ван Хаутен на Инстаграм објави видео на кое носи црвено пончо додека ја прскаат од воден топ.

АНП објави дека таа била уапсена и подоцна и било дозволено да се врати дома, но не прецизирала дали таа е меѓу оние што треба да се гонат. Според Extinction Rebellion, 7.000 луѓе се собрале да се приклучат на демонстрациите, пренесува британски „Гардијан“.

ФОТО: EPA/Sem van der Wal

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса