Жестоко во Собрание: Шекеринска и Рангелова се „фатија за гуша“
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 17:19
Во собранието се водат жестоки дебати, реплики и контрареплики меѓу пратениците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во однос на албанската платформа.
Пратеничката на СДСМ Радмина Шекеринска од говорницата им порача на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да ја отворат веб страната на Владата и да го прочитаат сами документот потпишан од како што рече самата Влада на РМ во кој се наведуваат промени во Законот за јазици.
„Убаво си пишува дека треба да се донесе нов закон за употреба на јазиците, сеопфатна дискусија за националните симболи, додека тие трошат стотици илјади евра и трошат време на дускусии за парите .
Со парите на граѓаните е платен тој документ, а вие молчите и не кажувате што се случува со економијата додека Груевски се сонча а вие се тепате за го спасите, поддржувате документ а со денови убедувате дека тој документ кој вие сте го потпишале е опасен“, изјави пратеничката на СДСМ.
Контра реплика и даде Крсто Муковски од ВМРО ДПМНЕ кој рече дека во самата забелешка свесно или несвесно се потврдува се што говорат пратениицте на владеачката партија.
„Се што е потврдено во Рамковниот договор со албанците е испочитувано досега, затоа немојте да прејудицирате и жешкиот костен да го префрлате на друг. Јасно и гласно е кажано од многу претставници на ДУИ дека имало одредни несогласувања во нивните барања а нивни основни барања се тиранската платформа.
Ако ВМРО го профатеше тоа ние денес ќе бевме во коалиција со нив, а не вие, и возврати Крсто Муковски на Шекринска“ кој додаде дека бегаат од прашањата за тоа што го прифатиле алудирајќи на декларацијата на албанските партии.
Даниела Рангелова процедурално и одговори на Шекеринска дека се испишува некоја идна историја и дека СДСМ треба да се соочиат со тоа, и дека утре нема да се срамат за сите постапки а исто и ВМРО ДПМНЕ .
Таа вели дека по ходниците не разговараат нејзините колеги дека се срамат од своите постапки туку по ходниците пратениците од СДСМ им се заканувале на пратениците од ВМРО ДПМНЕ дека имале приватни разговори за нив и дека ќе ги објавеле.
Таа ги повика уште денес да ги објават, и да кажат дали се кај Заев или СЈО тие разговори.
Таа рече дека ниту се плаши од објава на приватни разџговори , ниту од затвор, туку се плаши од нејзината нација да биде осудена како предавничка на нашата држава, а од тоа повика да се плашат и пратениците од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




