18 Декември, 2025
0.0577

Зголемен извозот- намален трговскиот дефицит во Македонија

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2013 10:18

Добивај вести на Viber

Македонија во првите четири месеци од oваа година остварила извоз во вкупна вредност 1,3 милијарди долари, што е за близу 85 милиони долари повеќе во однос на периодот јануари-април минатата година. Увозот, пак, достигнал 2,096 милијарди долари, кој во однос на минатата година е незначително зголемен. Ваквиот тренд придонесе и за осетно подобрување на покриеноста на увозот со извоз која годинава изнесува 62,5 отсто, наспроти минатогодишните 58,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот Завод за статистика. Од јануари до април годинава, Република Македонија во надворешно-трговската размена остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е зголемемување за над 73 милиони долари во споредба со истиот период минатата година. Ова најмногу се должи на зголемениот извоз во првите четири месеци од 2013 година. Вкупниот обем на трговската размена на Македонија со светот, од јануари до април изнесувал 3,4 милијарди долари. Тоа е за речиси 100 милиони долари повеќе во однос на првите четири месеци во 2012 година. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најмногу учествуваат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак,најзастапени се суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Сшпред податоците на ДЗС, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји