Зголемена побарувачка на акции на „Макпетрол“
Објавено во: Економија 27 Август, 2016 10:11
Растат акциите на Макпетрол може да се забележи од вчерашните податоци објавени на Македонска берза.
Зголемена побарувачка за акциите на оваа компанија е забележана во последните неколку дена.
Речиси 25 000 денари дстигна вредноста на акцијата на Макпетрол вчера. Таа сум а е нешто помала од цената од 25.908 денари која Балкан Петролеум ја нуди за преземање на компанијата.
146 акции на Макпетрол по просечна цена од 24.676 денари биле продадени пред два дена, а вчера 62 акции биле тргувани по цена од 25.000 денари.
ГАМА ИЛИ ФИРМАТА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС: Нешто од Макпетрол мора да оди на продажба!
Дали потенцијалните купци на „Макпетрол“ всушност имаат најголем мотив да влезат во „Макпетрол“ токму заради тоа што ако станат доминантни сопственици ќе одлучат околу продавањето на фирмата за снабдување со природен гас или ќе го продадат делот од преносниот гасоводен систем? Што ќе продадат? Кому ќе продадат и по која цена? Што ако рокот за продажба биде оправдание некој да лапа нешто бадијала?
„Макпетрол“ ќе мора да го продаде својот дел од преносниот гасоводен систем или пак ќе мора да ја продаден фирмата- ќерка за снабдување со гас која сега е единствена која работи снабдување со гас на македонскиот пазар. Ова го предвидува европската регулатива од пакетот 3 кој се однесува на либерализацијата на енергетските пазари и тоа е дел од новиот закон за енергетика кој треба да биде усвоен во Македонија.
Ова е едно од клучните прашања што Енергетската заедница од Виена неодамна ги испрати до Министерството за економија и за кои уште нема одговори. Засега не е познато во која фаза е новиот закон за енергетика и кога тој треба да биде ставен на гласање пред македонските пратеници.
Суштински важна работа на пазарите со природен гас е дека сопственик или косопстевник на преносниот гасоводен систем не смее и не може да биде сопственик на фирма која врши снабдување со природен гас. Тоа е правило секаде во земјите од Европската унија и од Македонија подолго време се бара тоа прашање да се регулира со новиот закон за енергетика. Законот е во процедура и во него е пресликано европското законодавство.
Тоа значи дека во брз иднина ќе мора да се реши статусот на ГАМА , претпријатие кое сега го поседуваат македонската Влада и „Макпетрол“ и кое е сопственик на преносниот гасоводен систем. За сопственоста врз системот за пренос на гас се води дологодишен судски спор меѓу Владата и „Макпетрол“ и колку што е познато во јавноста спорот се однесува на несогласувања околу тоа кој е доминантен сопственик кој има 51 отсто од капиталот. И двете страни , Владата и „Макпетрол“ тврдат дека се сопственици на мнозинските права во таа компанија.
Сега со можното превземање на „Макпетрол“ се отвора прашањето за тоа што ќе се случи со сопственоста на „Макпетрол“ во преносниот гасоводен систем, но се отвора прашањето и со сопственоста на „Макпетрол“ врз единствената фирма во Македонија која врши дејност снабдување со природен гас во земјава. Оваа комплексна состојба отвора многу прашања на кои ќе мора да се дадат одговори со донесувањето на новиот Закон за енергетика.
Дали „Макпетрол“ ќе го продаде својот дел од ГАМА? Дали „Макпетрол“ ќе се одлучи да ја продаде својата фирма за снабдување со гас и со тоа ќе го отстапи тој бизнис и договорите со „Гаспром“ на друга фирма? Дали потенцијалните купци на „Макпетрол“ всушност имаат најголем мотив да влезат во „Макпетрол“ токму заради тоа што ако станат доминантни сопственици ќе одлучат околу продавањето на фирмата за снабдување со природен гас или ќе го продадат делот од преносниот гасоводен систем? Што ќе продадат?
Кому ќе продадат и по која цена?
Што ако во меѓувреме и Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди концентрација на пазарот за природен гас и заклучи дека „Макпетрол“ предизвикува проблеми за развој на пазарот на природен гас?
Нема одговори на овие прашања кои досега никој јавно и не ги постави. Како и да е времето тече, а нашата Влада ќе мора да ја спроведе обврската и да го даде во собраниска процедура Законот за енергетика. Тогаш ќе се отворат сите прашање и конечно ќе се реши статусот на ГАМА, но и ќе се отворат нови можности за снабдување со гас во земјава.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




