06 Октомври, 2024
0.0253

„Зголемено користење на гасот, клучен енергент во наредните децении“: Божиновска на Енергетскиот форум за плановите за развој

Објавено во: Економија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Eнергетскиот форум на Југоисточна Европа (SEEF 2024) што денеска се одржува во Солун, Република Грција. На осмото, по ред, издание на овој значаен настан од сферата на енергетиката, Божиновска беше панелистка на тема: „Енергетската соработка во регионот на ЈИЕ и Источниот Медитеран: Пресвртница за енергетската безбедност на ЕУ“.

„Имав можност и привилегија да зборувам за значајни енергетски теми кои во моментов се во фокусот на европската јавност. Заедно со колегите министри за енергетика и соодветните ресорни министерства од Грција, Албанија, Бугарија, Косово, Романија и Египет разменивме мислења и ставови, како и можни насоки за енергетската стабилност кои верувам дека ќе ги реализираме во наредниот период, рече Божиновска по завршувањето на Панел дискусијата.

Во својот настап, Божиновска, се осврна на предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, потенцирајќи го значењето на зелената транзиција, преминот од традиционални кон обновливи извори и потребата од декарбонизација. Нашата држава како дел од еден комплексен систем е неизоставен дел од регионалниот енергетски систем кој не може да се гледа одвоено, туку единствено како интегрален дел од сите понатамошни инвестициски циклуси и развојни планови на ЈИЕ.

„Сите вклучени чинители кои имаат своја улога во процесите поврзани со зелената транзиција во поширок социо – економски контекст треба да се единствени во заложбата за градење одржливи, функционални и транспарентни механизми за поддршка на регионалната соработка. Ние како Влада ќе имаме витална и проактивна улога кон обликување на енергетската безбедност на земјите од Југоисточна Европа. Влезени сме во процесот кон еколошки одржливо сценарио на сите нивоа, отворивме широк фронт на активности во врска со праведната транзиција, која практично е составен дел од зелената агенда, но истовремено користиме внимателен пристап, затоа што се уште зависиме од базни извори на енергија. Целиме кон зголемено користење на гасот, кој практично го гледаме како клучен енергент во наредните децении, преку целосна гасификација и изградба на когенеративни централи. Истовремено, продолжуваме со инвестиции во обновливи извори, преку изградба на фотоволтаици и ветерни паркови“ – истакна Божиновска.

На маргините на Форумот, Божиновска оствари средби со претставници на грчките  компании Хеленик Енерџи холдинг, како и со грчката команија ДЕСФА која работи на дел од гасоводот во земјава. 

Енергетскиот форум на ЈИЕ е еден од најреномираните настани во регионот кој на едно место ги собира клучните креатори на политики, регулатори, инвеститори, претставници на приватниот сектор, професори и експерти кои презентираат и споделуваат добри практики околу енергетските трендови и предизвици во регионот. Настанот го организира  Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата на САД во Грција, во стратешко партнерство со Атланскиот совет и Глобалниот енергетски институт на Стопанската комора на САД. 

Повеќе информации за настанот: https://www.amcham.gr/events/event/seef/


Можеби ќе ве интересира

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?