19 Декември, 2025
0.7953

Зголемување на можностите за инвестирање на пензиските фондови

Објавено во: Економија 02 Април, 2013 13:34

Добивај вести на Viber

 -Преку промена на законската и подзаконската регулатива, ќе се даде можност за зголемување на обемот на инвестиции и дозволените инструменти за инвестирање на пензиските фондови. Покрај постојните земји членки на ЕУ и ОЕЦД, ќе се зголеми можноста за инвестирање со група земји со брзо растечки економии заради можност за остварување на поголем принос... Ќе се дозволи инвестирање во акции на акционерски друштва кои припаѓаат на сегментот на задолжителна котација, а ќе се воспостават и законски решенија со кои по влезот на Македонија во ЕУ, лимитите за инвестирање кои важат за домашната економија ќе важат и за инвестициите во земјите членки на ЕУ“, најави денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.   Додавајќи дека структурата на членството во пензиските фондови ја наментува потребата од воведување на мулти фондови.
Тоа значи, рече ресорниот министер, дека во рамки на еден пензиски фонд ќе функционираат три портфолија (агресивно, балансирано и конзервативно), согласно старосната структура на членовите.
-Помладите членови ќе може да инвестираат во инструменти кои се поризични, но носат многу повисок принос, така што и да загубат нешто од приносот поради ризичноста, ќе имаат време за повторно оплодување. За постарите членови ќе се примени конзервативното портфолио, бидејќи се наближуваат до пензионирање и не треба да се ризикува со нивните средства“, изјави Ристовски.
Овие промени, кои се резултат на спроведената анализа од ресорното министерство во соработка со МАПАС и други надлежни институции, ќе придонесат за развој на пазарот на капитал и зголемена ликвидност.
-Тоа ќе придонесе за подобрување на деловната клима и привлекување на повеќе инвеститори, а дополнително ќе се направи напор да се зголеми опсегот на слободни акции за тргување на котираните компании на Македонската берза што ќе придонесе за поголема ликвидност на пазарот на капитал“, додаде министерот.
Промените во вториот и третиот пензиски столб имаат за цел да се овозможи поголем обем на средства на членовите на нивните индивидуални сметки, повисок принос од средства и транспарентност и можност за избор при инвестирање.
Функционирањето на вториот пензиски столб, како што рече Ристовски, покажуваат успех и раст на фондовите во смисла на број на членови и во смисла на средства со кои управуваат.
-Задолжителните фондови имаат околу 330.000 членови и средства во висина од околу 360 милиони евра што е 3,5 отсто од вредноста на БДП“, констатира Ристовски.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?