ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Ова се цените во земјоделството во февруари
Објавено во: Агробизнис 14 Март, 2017 14:45
Индексот на цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.0%, а кај аутпутот
зголемувањето изнесува 5.4%.
Овие податоци се објавени денеска во соопштение на Државниот завод за статистика.
Во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.5.
Во делот аутпут, во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96.9.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





