27 Ноември, 2024
0.0979

ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ОСНОВНАТА КАМАТА УДИРА ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА – Експертите предупредуваат: можен е раст на невработеноста

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Неодмна Народна банка повторно се одлучи да ја затегне монетарната политика во земјава. Со последната одлука на НБРМ за зголемување на основната каматна стапка, сега благајничките записи се упишуваат со камата од 6,30 проценти.

Но, тоа и не беше единствената одлука на Советот на НБРМ, кој исто така ја зголеми каматната стапка на раположливите депозити со што каматата на депозитите преку ноќ и на седум дена сега изнесува 4,20 и 4,25 процени. По долг период на олабавување на монетарната политика, последнава година банкарите постојано ја затегнуваат истата во обид да ја зауздаат инфлацијата, која во Македонија беше и меѓу највисоките.

Економистите укажуваат дека зачудува фактот оти продолжува да се зголемува основната каматна стапка, ако се има предвид дека сега веќе инфлацијата забавува, а не забрзува како порано, што потенцираат може да биде штетно за економијата, за работата на претпријатијата и да доведе до пропаѓање на некои од нив, а со тоа и раст на невработеноста.

Ако се има предвид дека инфлацијата забавува, а не забрзува, зачудува што Народна банка се одлучи, по седми пат оваа година, да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи и да ја подигне на ниво на кое таа не била повеќе од една деценија. Дополнително зачудува што многу посилни економии од нашата, во контекст на забавување на инфлацијата, одлучија да ги замрзнат каматните стапки на постојното ниво наместо да продолжат со нивното зголемување. А за послаби економии, зголемувањето на каматните стапки може да биде уште поголем ризик за економските субјекти. Очигледно, Народна банка е фокусирана на што побрзо задушување на инфлацијата, но треба да има предвид дека превисоките каматни стапки може да создаде исто толку опасен економски проблем – криза – преку забавување на економската активност на претпријатијата, поради недостапност на кредити по ниски каматни стапки, а може и да доведе до банкнотирање на презадолжените претпријатија, со последица: зголемување на невработеноста – укажува Савески.

Анализа на движењето на каматата на благаничките записи покажува дека последен пат волку висока била во мај 2010 година, точно 6,24 проценти, по што почнува постепено и постојано да се намалува. На почетокот на 2020 година камата паѓа на два проценти, по што следува период на најниските камати на благајничките записи во нашата историја. Веќе во март 2021 година таа се намалува на 1,25 проценти и се задржа на таа висина една година до март 2022 година. Веќе од април 2022 година каматите почнуваат да растат секој месец некогаш за 0,25, а некогаш и до 0,75 процентни поени.

На овој линк може да го видите движењето на основната камата низ годините, од 2002 година наваму.

Поради силниот раст на основната камата, Савески за Фактор потенцира дека Народна банка не е единствената институција која е надлежна да дејствува во насока на скротување на инфлацијата.

-  Исто така, Народна банка треба да има предвид дека не делува во вакуум и дека не е единствената институција што се бори против инфлацијата. Тука е и Владата, која може да влијае на инфлацијата преку замрзнување на цените и преку даночната политика, на пример преку воведување прогресивен данок за да го намали екцесивното трошење на ултрабогатите.
Во тој контекст особено зачудува економската логика на Народна банка која се одлучи на ново, седмо зголемување годинава откако Владата веќе спроведе антиинфлаторна мерка, имено, замрзнување на цените на низа прехранбени производи – посочува Савески.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата