ЗГРАДИТЕ СЕ ОТПОРНИ: Руските власти го искоментираа силниот земјотрес
Објавено во: Свет 30 Јули, 2025 20:38
Од Кремљ по земјотресот со јачина од 8.8 степени кој се случи денеска рекоа дека се покажа дека зградите се отпорни.
„Сите системи за предупредување беа активирани веднаш, а беше организирана евакуација на луѓето од областите од кои требаше да бидат евакуирани поради цунами. Генерално, зградите се покажаа отпорни на земјотрес. Фала му на Бога, нема жртви, па затоа технолошката подготвеност се докажа и беше на високо ниво“, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, предизвикувајќи цунами и евакуации на Хаваите и низ Тихиот Океан. Земјотресот оштети згради и повреди неколку луѓе во Русија. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, напиша гувернерот на Камчатка на Телеграм. Руското министерство на истата платформа објави дека е оштетена градинка, но дека повеќето згради го издржале потресот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




