17 Мај, 2024
0.0386

Женски професии кои ги “палат” мажите

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Чест плод на машката фантазија се следните професии. Медицинска сестра На голем број од нас ни се случило да добиеме тупаница во око, топка во тестисите, да ги оперираме лигаментите и да поминеме неколку денови во болница. Така немоќни, очајни и болни, ги запознаваме нив. Добрите ангели со топломери, на коишто им ѕирка деколтето. Сестрите инаку ги делиме на оние со светлосини, темносини и црни униформи. Тие во црните не ги допираме, темносините се главни, така што за нијанса поискусни, а оние светлосините се млади, поспани од дежурството и единствени жени кои се постојано околу нас. Кога ќе дојде да ти измери температура во раните утрински часови, а ти никаков, во болнички пижами... кој не би помислил! Директорка seksi-profesii-direktorka Голем број мажи имаат влажни сни после нивниот разговор со нивната шефица. Воглавно никогаш не се задоволни од нашата работа и скоро секогаш нѐ викаат во нивните канцеларии или за да ни ја намалат платата или да не опоменат дека треба да работиме подобро. А на сите нас во главата ни се врти само една работа - да се соблечат, да го покажат нивното тело, да ја фрлат кошулата и да речат: "Дојди да ти покажам како се "работи", ти никаков работнику!", па да летаат очила, документи од масата, телефони, компјутери... Масерка Кој маж не би сакал една релаксирачка масажа да заврши со еден добар и жежок секс? Посебно со нивните прекрасни и нежни раце, со коишто прават вистински чуда! А тука до масата, на дофат се и некои етерични масла, лосиони, и прекрасни средства со кои сексот би бил уште пожежок! Масерките се закон! Полицајка seksi-profesii-policajka Често слушаме приказни за врзување, лисици, јажиња и секакви ситни перверзии. Не знаеме дали тоа е секси поради некои проблеми од детството, проблем во психата, но доминантната жена е навистина секси, особено ако е во толку моќна униформа. А има нешто посекси од вистинска полицајка со вистински лисици да те врзе за креветот и.... ? Мајка seksi-profesii-majka Сите знаеме дека голем број на мажи се палат на MILF. Зошто? Затоа што две години после бременоста на жените им се враќа чувството за секс, а младите момци се надеваат дека нивните мажи веќе длабоко навлегле со нивната љубовница. Тогаш, одреден број на жени полудуваат и бараат млад маж кој ќе ги исполне нивните фантазии (барем во мислите на младите момци). А она што кај овие жени е секси е нивното искуство, нивната отвореност и желбата за експериментирање.