Жерар Депардје гради нов дом- во руско село!
Објавено во: Стил
19 Јануари, 2013 11:09
Добивај вести на Viber
Жерар Депардје си гради куќа во Подмосковјето. Тој веќе купил градежна парцела од 2 декари, кој чинела околу 130 000 долари, пишува „Комсомолска правда".
Францускиот актер со руски пасош го исполни своето ветување дека повеќе нема да живее во бучните метрополи. Новиот дом го прави во селото кое е оддалечено околу половина час возење од аеродромот „Домодедово". Весникот тврди дека изборот на локација не е случаен. Ова село се смета за место со начист воздух во Подмосковјето.
За жителите на селото работи селска задруга која произведува еколошки чисто месо, зеленчук и млеко. Има и одгледувачница за риба.
Затоа и не е чудно што Депардја одби да се насели во мордовската престолнина Саранск, каде што му понудија и луксузен државен стан. Мордовија е позната по својата неповолна клима и затворски кампови, коментира АФП.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: