20 Декември, 2025
0.0701

Жителите на Фолкландите на референдум бираат меѓу Британија и Аргентина

Објавено во: Свет 10 Март, 2013 09:56

Добивај вести на Viber

Жителите на Фолкландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвински, ќе учествуваат денеска и утре на референдум за самоопределување, на кој се очекува да ја потврдат припадноста кон британската круна и покрај претензиите на аргентинските власти кон оваа територија.

Резултатите од референдумот, на кој ќе учествуваат 1.672 избирачи се речиси извесни. Властите на овие острови во јужниот дел на Атлантскиот Океан, кои пред 31 година беа погодени од британско-аргентинската војна, се надеваат дека резултатите од референдимот ќе го привлечат вниманието на меѓунароната заедница кон нивната кауза.

На Островите живеат 2.500 лица, а таму се распоредени околу 1.300 британски војници. Избирачите ќе треба да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето „Сакате ли Малвините да останат прекуморска територија на Обединетото кралство“. Доколку и покрај прогнозите исходот биде негативен, односно жителите одлучат дека повеќе нема да бидат под британската круна, тогаш ќе се организира нов референдум, на кој ќе се определи новиот статус на Островите.

„Овој референдум ќе покаже дека повеќе од луѓето се мошне задоволни да бидат британска прекуморска територија бидејќи со тој статус го задржуваат правото на самоопределување“, изјави во Лондон Џан Чијк, пратеник од Собранието на Фолкландските Острови.

Референдумот ќе се одржи со благослов на британската Влада, која го контролира архипелагот од 1833 година .

„Жителите на островот имаат право да ја изразат својата волја, да ја одредат својата иднина и иднината на идните геренации“, нагласи Форин офисот.

Аргентина, која е уверена дека има историско право над Островите, кои се наоѓаат на 400 километри од нејзиното крајбрежје нагласи дека нема да ги признае резултатите од гласањето, кое го смета за незаконско.

„Тој референдум нема законска основа. Тој нема да биде признат од Обединетите нации и меѓународната заедница“, изјави аргентиската амбасадорка во Велика Британија Алисија Кастро.

Буенос Ааирес бара во ОН организирање на билатерални преговори со Лондон за решавање на спорот, кој доведе до кус вооружен конфликт межу двете земји во 1982 година, во кој загинаа 649 аргентински и 255 британски војници

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја