Жито Лукс во добивка од 110.000 евра по долгогодишен пост
Објавено во: Економија 17 Август, 2016 08:02
Компанијата успеала да ги стегне конците и по долгогодишен пост да дојде до позитивен финансиски резултат. И тоа во услови на пад на приходите од продажба и со расходи за камати од 300.000 евра за половина година. Најголемата скопската компанија за производство на леб и пецива „Жито Лукс“ за прв пат годинава по подолг период книжи добивка од оперативното работење, но и вкупна сеопфатна добивка, покажуваат податоците од неревидираниот полугодишен биланс на успех.
Податоците покажуваат дека компанијата губи на приходите од продажба, а менаџментот тоа го објаснува како процес на тразниција во кој ги редуцираат продуктите од кои нема профит и дека се фокусираат на продукти на кои можат да остварат висока додадена вредност и да се позиционираат на пазарот. Така, приходите од продажба изнесуваат 512,9 милиони денари за половина година и во споредба со истиот период лани се пониски за 43 милиони денари. Во исто време компанијата успеала да ги редуцира и трошоците на продажба на производи и услуги и тоа за солидни 73 милиони денари до ниво од 342,5 милиони денари. Мало намалување има и кај другата најважа расходна ставка – трошоците за маркетинг и продажба кои се намалени за 5 отсто до износ од 109,9 милиони денари. Од образложението може да се прочита дека намалените производни трошоци во однреден дел се заради намалена цена на пченицата што компанијата ја користи како најважна суровина. А тоа може да се види и анализата на оперативната добивка дадени во прилог на билансот на успех.
Од билансот на состојба е видливо дека компанијата има ниво на обврски речиси исто како и лани во тој период, а тие изнесуваат вкупно 746,6 милиони денари. Побарувањата од купувачите на крајот на јуни биле 202 милиони денари. Кај обврските соодност е следен: најголеми се обврските за краткорочни кредити и тие се 393,5 милиони денари и се за 30 милиони денари повеќе од лани.
Компанијата за првите шест месеци вратила 134 милиони денари кредити, но истовремено се задолжила за нови 181,2 милиони денари. Во овој период трошоците за камати се 18,15 милиони денари (околу 300.000 евра) и во споредба со каматите што се платени лани во истиот период се пониски за речиси 1 милион денари. Веројатно е дека во овој период компанијата нашла поевтин извор на кредитирање при што се задолжила со нов кредит по пониска каматна стапка за да врати постоечки кредит што има повисока каматна стапка. Од официјалните податоци компанијата лани имала загуба од 41,2 милиони денари, во 2014 година минусот бил 144 милиони денари, а во 2014 година 30 милиони денари.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




