20 Декември, 2025
0.1021

Жито Маркети и Кожувчанка во заедничка хуманитарна мисија

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2015 13:04

Добивај вести на Viber

Ланецот на супермаркети „Жито Маркети“ и компанијата за флаширана вода „Кожувчанка“ ќе спроведат донаторска кампања за нови апарати на Клиниката за Гинекологија и Акушерство, Скопје.

Кампањата ќе се одвива под името „Со мал дел до голема цел“, во периодот од 15 јуни до 15 август во сите општини каде Жито Маркети има свој продажен објект.

„Оваа кампања е доказ дека нашата идеја за подобрување на општото добро на граѓаните се проширува. Овој пат заедно со Кожувчанка решивме да придонесеме за Клиника за Гинекологија и Акушерство и заедно со нашите потрошувачи да продолжиме да придонесуваме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“, истакна Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.

Граѓаните ќе добијат можност да ја искажат својата хуманост со поддршка на кампањата. Нивното директно учествое овозможено со купување на Кожувчанка во кој било Жито Маркети, со што ќе се издвојуваат средства за фондот за донација. Овие средства понатаму ќе се искористат за нови апарати во Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје.

„Кожувчанка постојано бара начини како да им помогне на најранливите категории од нашето окружување. Токму поради тоа се одлучивме на ваков тип на соработка со Жито Маркети што исто така е општествено одговорна компанија која се грижи и се залага за истите хумани цели како и ние“ изјави Ратко Мицев маркетинг менаџер на  Кожувчанка.

Ваков пример на соработка помеѓу компании е доказ дека нивната грижа за граѓаните е значително важна за подобрување на општеството.

„Ја поздравуваме оваа хуманитарна акција на Жито Маркети и Кожувчанка. Посебно не радува што компаниите самоиницијативно бараат начини како да ги подобрат условите во јавните установи. Им благодариме што овој пат одбраа тоа да биде нашата клиника“, изјави Примариус Д-р Драган Тантуровски, Клиника за Гинекологија и Акушерство, Скопје.

Ова не е прва донација и кампања од ваков тип и за Жито Маркети и за Кожувчанка. И двете компании општествената одговорност и грижата за заедницата ја имаат како приоритет во своето работење и ќе продолжат да придонесуваат за подобрување на условите во различни општествени сегменти.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии