19 Мај, 2024
0.0440

(ЖИВО) Украинската криза удри и на националната валута, истекува ултиматумот за Јанукович

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Освен од немирите на улиците на Киев, Украинците стравуваат и од една друга криза - онаа која и се заканува на националната економија. Стабилноста на украинската гривна, која инаку е врзана за американскиот долар, се толкува како показател на економската и политичката стабилност на земјата. Но, новото насилство на протестите предизвика значително ослабнување на националната валута. Така вредноста на украинската гривна вчера се намали 11-ти ден по ред, достигнувајќи го најниското ниво од 2009-та година. Само од декември, гривната загубила три проценти од вредноста во однос на доларот. На удар се и украинските обврзници, како одраз на загриженоста на инвеститорите од информациите за први жртви на протестите во Киев. „Ситуацијата се повеќе станува хаотична, се потешко може да се предвиди“, вели економистот Владимир Пантјушин за „Фајненшел тајмс“. Тој потсетува дека во периодот на неизвесните избори во 2012-та година, Украинците ги преполнија банките за да купуваат долари, а сличен тренд може да предизвика и сегашната нестабилност што дополнително ќе ја оптовари гривната. Сепак, заменик-гувернерот на Националната банка на Украина Олексиј Ткаченко во вторникот се обиде да ја смири загриженоста во јавноста за судбината на националната валута, изјавувајќи дека „разумот на народот ќе ја спречи паниката, која е штетна и за банките и за штедачите“. Најголемиот пад украинската гривна го доживеа во 2008-та година, кога земјата го почувствува ударот на глобалната финансиска криза. Украинската валута тогаш девалвираше за цели 40%, што беше уништувачки за домаќинствата кои имаа кредити во странска валута. Во меѓувреме, Киев помина исклучително тензична ноќ. Истекува времето од ултиматумот кој опозиционерите му го дадоа на претседателот Виктор Јанукович, а на улиците на главниот украински град и натаму горат барикадите. http://www.youtube.com/watch?v=jrZcAsPKK74#t=812050 Според украинското Министерство за внатрешни работи, во текот на ноќта биле уапсени 75 лица заради нивното учество во немирите. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко за денеска напладне повика на генерален штрајк како последно предупредување за Јанукович. Во текот на денот опозициските лидери уште еднаш треба да се сретнат со украинскиот претседател. Доколку Јанукович не го испочитува ултиматумот и до вечер не се повлече, опозицијата најавува „офанзива“. Русија најави дека намера да интервенира и покрај загрижувачкиот развој на настаните во Украина. Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Москва со огромно ја следи ситуацијата, но оти е уверене дека украинскиот претседател Јанукович ќе го најде најдоброто можно решение за работите да се вратат во нормала.  

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто