20 Декември, 2025
0.1351

ЖРТВИ НА РУБЉАТА: Ако дојде до економски колапс, еве кој ќе изгуби најмногу!

Објавено во: Економија, Свет 17 Декември, 2014 21:39

Добивај вести на Viber

Трговските партнери на Русија - државите и компаниите- се загриженост ги следат нејзините обиди да се избори со проблемот се подлабоката економска криза предизвикана со падот на цената на нафтата и меѓународните санкции.

Вредноста на рубљата е нестабилна и веќе негативно се одрази на приходите на светските компании кои соработуваат со Русија.

Во случај на економски колапс на Русија, нема да има победник, а ова се некои од најголемите жртви.

Германија

Најголемата економија во Европа најмногу е поврзана со Русија. Минатата година вредноста на трговската размена изнесувала повеќе од 76 милијарда евра (95,4 милијарди долари). Строгите санкции кои Западот и ги наметна на Русија поради кризата во Украина веќе негативно се одразуваат на извозот и компаниите ги закочиле инвестициите.

Минатиот месец Германија соопшти дека „геоплитичката криза“ влијаела на важната слаба прогноза на растот во оваа и следната година.

Проблемите во Германија сега најмалку и се потребни на Еврозоната -  знаејќи дека монетармата политика во голема мерка се потпира на оваа економска сила.

Остатокот на Европа

Русија увезува голема количина стоки од другите земји од Европа.

Москва на санкциите на Западот во август реагирала на забраната на увозот на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко, и млечни производи од Европа, но и од САД, Австраилија и Канада.

Тоа беше непријатна вест за европските произведувачи, кои голем дел од овошјето, сирењето и свинското месо го извезуваат токму во Русија. Минатата година, околу 10 одсто од извозот на храна од ЕУ - во вредност од 15 милијарди долари - е испорачана во Русија, која со самото тоа, беше втора на списокот на најголеми увозници од Европа.

Европа исто така морала да издвои околу 156 милиони долари за обештетување на произведувачите.

Енергетски компании

Падот на рубљата влијаеше на значајното намалување на заработката на компаниите кои соработуваат со Русија.

„Бритиш петролеум“ предупреди на негативните последици од санкциите. Компанијата има голем дел во „Роснјефт“, најголемата руска нафтена компанија која е погодена од трговските ограничувања кои ги наметнаа САД. Вредноста на акциите на компанијата оваа година паднала за 25 одсто, бидејќи падот на цената на нафтата предизвика намалување на профитот.

 Француската компанија „Тотал“ поради санкциите стави ас акт плановите за заедничко вложување во истражување на шкрилци со руски "Лукоил", со што ја загрозила можната иднина на приходите. И други енергетски компании, како што њ „Егзон мобајл“, имаат значајни врски со Русија.

Произведувачи на автомобили

Американскиот гигант „Форд“, еден од најголемите произведувачи на возила во Русија, предупреди дека падот на рубљата негативно ќе влијае на продажбата.

„Фолксваген“ ги обвини политичките тензии за падот на продажбата на возилата во Русија за 8 одсто во првите шест месеци оваа година. Вредноста на акциите на германскиот произведувач падна оваа година за повеќе од 12 одсто.

Француски „Рено“ исто така соопштил дека продажбата во Русија трпи поради санкциите, додека „Пежо“ и „Цитроен“ во октомври предупредиле дека падот на вредноста на рубљата ја загрозува компанијата.

Банки

Профитот на „Сосиет женерал“ од рускиот огранок падна за 36 одсто во вториот квартал. Холандската кредитна банка „Рабобанк“ и италијански „Уникредит' исто така се изложени на значајни ризици.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба