Зибери ќе бара еднаквост при вработување во приватниот сектор
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2020
Насер Зибери, кандидат за премиер на ДУИ вели дека ќе се залага за решавање на нееднаквоста во приватниот сектор.
„Во многу домашни компани припадниците на помалите заедници уште нема можност да се вработат, односно во голем број претпријатија уште постои нееднаквост и дискриманиција“, рече Зибери.
Изјави дека оваа ќе биде едно од многуте прашања што тој како прв премиер Албанец во земјава ќе ги решава.
„Кога зборувам за еднаквост не мислам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите помали заедници. Исто така и за Македонците. Ова од причина заради тоа што еднаквоста не е само неопходност за модерно општество, туку таа ја зајакнува економијата“, изјави Зибери.
Зибери наведе дека како премиер ќе донесе одлука со која секоја компанија ќе добие по 1.500 евра за секој млад вработен за првпат.
За да пораст на инвестиците државата на малите и средните претпријатија ќе им додели од 5 до 10 илјади евра набавка на потребната опрема.
Минатата недела во Преспа ДУИ го промовираше Зибери како кандидат за премиер.
На ова претседателот на СДСМ, Зорам Заев рече дека оној кој ќе има 61 пратеник ќе биде мандатар, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски акаж дека премиер не се станува од канцеларија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.