Зимски хороскоп - овие знаци ги очекува промена на љубовен план
Објавено во: Општо 01 Ноември, 2018 19:46
Доколку на оваа листа го видите својот хороскопски знак, радувајте се, затоа што оваа зима ќе ве очекува голема љубов. Во зимските месеци конечно ќе дознаете што сакате и како да го добиете тоа.
Зимските месеци ќе бидат многу тешки за многу хороскопски знаци особено кога е во прашање љубовта, но за одредени знаци ова ќе бидат најубавите месеци на тоа поле.
Ајде да откриеме кои хороскопски знаци можат да очекуваат голема љубов во текот на оваа зима.
Бик
Во текот на јануари и февруари, среќата ќе игра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето кои ќе ги сретнувате ќе ја подигнуваат вашата самодоверба и морал. Затоа ова е прекрасно време за да видите колку широко можете да го отворите своето срце. Колку повеќе време ќе посветувате на работите и луѓето кои ги сакате и кои ви помагаат во развојот, толку поубав ќе ви биде животот во текот на оваа зима и толку потопло ќе ви биде во вашето срце. Во првата половина на декември можеби ќе запознаете таинствена Скорпија, а на крајот на годината харизматичен Јарец.
Рак
Интуицијата ќе ви биде од голема корист во полето на љубовта, па ќе создадете односи кои позитивно ќе влијаат на вас. Ова не е време за изразување вознемиреност. Бидете јасни во врска со вашите потреби и ќе видите кој ќе биде во состојба да ги исполни. Во декември, можно е некој Бик или Јарец да им се додворува на женските припаднички на овој знак.
Лав
Што навистина сакате? Ова не е време да продолжите да се вложувате себеси во односи кои не напредуваат и кои не ве исполнуваат, но не е и добро време да дозволите вашето его да доминира. Силата е во вашиот знак, како и во вашата гордост, а овие две работи можат да бидат токму она што ви треба или она што ќе ве одведе во пропаст. Па затоа, послушајте го своето срце и интуиција и побарајте го она што навистина ви треба. Ќе бидете изненадени од резултатите. Ако сте слободни, можеби ќе запознаете некој кој носи униформа на работа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





