Жител на Дебар ја претепал сопругата
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023
Дебранец ја претепал сопругата и ѝ нанел повреди. На 12 август во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ј.(28) од Дебар. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.
Случаи на семејно насилство често има во полицискиот билтен, а при крајот на август во Куманово се случи двојно убиство и самоубиство, каде маж ја уби сопругата и нејзината мајка, а потоа се самоуби.