24 Ноември, 2024
0.0258

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

Објавено во: Балкан 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Фотографија од еден угостителски објект во Белград ги бранува социјалните мрежи. Поточно станува збор за пицерија, која привлече големо внимание, но и револт кај граѓаните поради поскапувањето на производите кои ги нудат. 

На фотографијата која се споделува на социјалните мрежи, се гледа дека парче пица се продава по цена од 400 динари (200 денари) за парче. Како што пренесуваат жителите на Белград, објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

- Без разлика на бројот на состојки, цената на парче пица е уникатна, па едноставна маргарита со пела и сирење чини исто колку и побогатите „парчиња“ со шунка, кашкавал, печурки и пелати - пишува еден граѓанин. 


- Оваа пицерија, која работи на повеќе локации во Белград, беше препознатлива по многу пониските цени пред неколку години, кога едно парче чинеше само 100 динари, дополнува друг.

- Беше 100 динари кога влегов на факс во 2017 година, потоа го затворија објектот кога излегоа фотографиите со стаорци, потоа малку го поправаа и го покачија на 150, оттогаш цената се зголемува секој час, немам јадено од 2018 година - стои во еден коментар.

- Помислив дека целата е 300, сега врвот е 400, реков дај ми парче, таа ми даде и ми побара 400 динари за парче пица?! Ви благодарам многу, збогум - напиша друг корисник.

Некои се обидоа да ја оправдаат високата цена со високата кирија на таа локација која, како што се наведува, изнесува и до 2.500 евра.

„Не морам да им ја плаќам таа кирија“, одговорил друг корисник.

Сепак, аргументот за високата кирија ја губи својата важност кога ќе се земе предвид дека во непосредна близина може да се најде парче пица за само 120 динари.

Еве ја објавата.

Фото: Принтскрин/Редит - freepik.com/benzoix

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата