18 Мај, 2024
0.0313

АРМИЈА, ПОЖАРНИКАРИ, СОСЕДИ, СТРАНЦИ: Ги спасија малешевци од огнeната стихија

Објавено во: Македонија 09 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Разочарани и исплашени се жителите на малешевските села кои деновиве се зафатени со катастрофални пожари.

Велат дека ако не беа соседите и странците, селата ќе изгореа и ќе се случеше катастрофа каква не е видена на европско тло досега. Сметаат дека институциите задоцнија со реакцијата. Велат дека со голи раце не се гаси пожар. Раскажуваат дека во регионот имало две - три локации каде горело, но никој не реагирал навреме, туку се реагираше кога веќе пламнаа цели шумски појаси. Особено се благодарни на странците за придонесот кој го дадоа и несебично помогнаа за ставање на пожарите под контрола. Во гаснење на огнот се вклучија армијата, противпожарните единици, и голем број доброволци. 

„Помогнаа многу Србите, Словенците беа спремни, и Австријците навистина многу добро се покажаа. Ние прво немаме возила како што треба и колку се ефикасни тие стари возила? Да не беа странците, Робово ќе изгореше. Сликата е жалосна, а да реагираа нашите немаше до ова да дојде. Шумите се уништени. Во Будинарци нема зафатени објекти. Најстрашно беше во петокот. Сите бевме во селото, никој не го напушти местото, туку следевме што се случува. Будинарци има 250 куќи, односно 550 жители. Вакво нешто не во Македонија, туку во Европа не се случило“, рече Ванчо Пармачки, претседател на месната заедница во селото Будинарци.

Димитар Стамболиски од селото Владимирово вели дека иако нивното село не беше зафатено со пожарот, сепак и тие и сите жители  на околните села и цело Пехчево и Берово имале неколку непроспиени ноќи и биле на штрек.

„Беше навистина страшно. Временските услови беа лоши, дуваше ветер кој го распалуваше огнот. Најкритично беше ноќта во четвртокот и петокот. Луѓето помагаа со заорување со трактори, со вили, со лопати беа излезени на терен, гасеа со пумпи, им помагаа на пожарникарите за собирање, влечење на цревата. Помогнавме колку што можевме. Странците многу помогнаа затоа што нивните возила се добро опремени“, додава Стамболиски.

Жителите на Берово велат дека штетите од оваа катастрофа допрва ќе ги видиме.

„Уништувањето на шумите ќе има последици. Туристи доаѓаат во Берово поради шумите и чистиот воздух. Беше многу лошо и можеше да се случи да изгори некое од селата, ако не беа странците тука за да го санираат пожарот“, вели жителка  на Берово.

Дел од мештаните раскажаа дека правеле обрач и до 20 метри со трактори за да огнот не ги зафати нивните домови. Други, во очај и од страв ги пуштиле чешмите во дворовите да течат, со надеж дека на тој начин ќе се заштитат ако огнот почне да се шири. Немаат одговор како настанаа пожарите, и чекаат надлежните да го кажат последниот збор. Во Малешевијата огнот го гаснеа српски хеликоптери, пожарникари од Бугарија, Словенија, и волонтери од Австрија. Потоа се вклучи и Романија со авиони. Се проценува дека ќе бидат потребни 50 години за обнова на пеплосаните шуми. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање