07 Октомври, 2024
0.0244

Живееме без предрасуди и осуди: Македонско-африканската љубовна приказна на Маша и на Коџо продолжи во Холандија

Објавено во: Стил 29 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Нивната врска започна пред нешто повеќе од две години во Франција, кога и двајцата беа на магистерски студии. Таа е од Скопје, а тој од Гана, Африка. Приказната на Маша Беќковиќ и на Коџо Њанте е доказ дека, како што и самите велат, љубовта не препознава бои. Минатата година, 25 годишната Маша, дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, за Женски магазин ја раскажа својата љубовна приказна. За момчето од Африка, по големата трагедија која ѝ се случи, рече дека ги вратил сите бои во нејзиниот свет. 

„Месеци пред да продолжам на мастер студиите во странство, моето тогашно момче загина во сообраќајна незгода, а мене светот кој до тогаш го знаев, целосно ми се сруши. Во тоа време и луѓето кои најдобро ме знаеа не ме препознаваа, а јас како само да постоев, а не живеев. Коџо беше странецот што едноставно го препознав. Или тој ме препозна мене. Кога седна до мене, првото прашање му беше „Зошто си тажна“? Откако му раскажав, ме погледна и ми кажа дека тој ќе ми го смени животот. 

Целата љубовна приказна читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни