18 Декември, 2025
0.0580

ЖИВОТОТ ЛАНИ НИ ПОСКАПЕЛ ЗА НАД 14 ПРОЦЕНТИ - Статистика ја измери годишната инфлацијата

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2023 12:39

Добивај вести на Viber

Државните статистичари ја измерија годишната инфлација за минатата година. Таа изнесува 14,2 проценти - говорат најновите податици на Државниот завод за статистика. 

Ова следува откако во 2021 година земјава имала стапка на инфлација од само 3,2 проценти. 

Ако сакаме да заеме колку изнесувала декемвриската инфлација, таа била на ниво од 18,7 проценти во споредба со истиот месец претходната година, што значи дека се уште имаме силен инфлациски притисок во државава и високи двоцифрени стапки на инфлација. 

Само за илустрација, во ноември лани инфлацијата изнесуваше 19,5 отсто, што значи дека во земјава многу бавно, или речиси воопшто не се спушта инфлациската стапка, како што беше примерот со другите европски држави. 

Ако е за мала утеха, во декември во однос на претходниот месец во однос на ноември, трошоците на живот се намалиле за минорни 0,2 проценти. 

Што најмногу поскапело? 

Она што најмногу ги засега граѓаните, а тоа е храната и безалкохолните пијалоци, лани поскапеле за цели 20,9 отсто,  што значи дека исхраната поскапела за дури една петтина. 

Огромно поскапување има и кај транспортотот, и тоа од 19,5 проценти.

Додека домувањето, водата, електричната енеригја, гасот и другите горива се поскапени за 13,3 проценти. 

За 11,5 отсто поскапеле услугите на рестораните и хотелите, а за 8,6 отсто било поскапо набавувањето на мебел, покуќнина и редовното одржување во домаќинствата. 

Можеби ќе ве интересира

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили