03 Мај, 2024
0.0302

„Златната палма“ од Кан можно е да отиде во Африка

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Петтиот долгометражен филм на Мауританецот Абдерахман Сисако, „Тимбучу“ („Тагата на птиците“) е меѓу фаворитите за освојување на „Златната палма“ на овогодинашниот Филмски фестивал во Кан.

Сценариото на филмот е истовремено трагично, поетско и потресно, инспирирасно од вистински настани.

Обласата Томбучу, во Мали наречен уште „Пустински бисер“, речиси една година беше окупиран од припадници на Ал Каеда, што остави длабоки лузни врз населенито - ампутации, камшиковања на „нелигитимните двојки“ и пушачи, навредувања и понижувања. Борците на Ал Каеда беа протерани од француските сили на почетокот од 2013 година во операцијата „Сервал“.

Прикзаната во филмот раскажува за Кидан, неговата жена Сатима и нивните две деца Тоја и Исан, кои мирно живеат под шатор, подигнат во пустинските дини. Нивната судбина се менува во моментот кога еден соседен риболовец убива една нивна крава. Кидан во лутина, го убива соседот и паѓа во рацете на џихадистите.

Режисерот истовремено ја пренесува и жолатта окер боја на улиците на Томбучу, кои се капат во боите на пустината, на кои џихадистите вооружени со калашникови и зборувајќи арапски сеат страв и терор. Тие забрануваа цигари, слушање на музика, играње на фудбал..., а носењето ракавици, чорапи  шамии е задолжителна за жените.

Шокот е голем за жителите – добри муслимани кои се досега живеаа во мир.

Една продавачка на риби се жали. – Како ќе ги поливам рибите со вода, ако носам ракавици? Другите џихадисти кои меѓусебно со страст зборуваат за Зидан и Меси, неколку часови подоцна осудуваат еден млад човек на 20 удари со камшик, бидејќи играл фудбал. За потешките „навреди“, казната е смрт.

Режисерот Сисако е инспириран од релани настани во Мали, а настаните со грабнувањето на средношколките од терористичката група Боко Харам во Нигерија, само му дава нова тежина на овај африкански филм.