05 Декември, 2025
0.0250

ЗЛАТО ЗА АРГЕНТИНА - Меси и неговата репрезентација станаа прваци во најлудото фунале некогаш

Објавено во: Спорт 18 Декември, 2022 18:59

Добивај вести на Viber

АРГЕНТИНА е новиот светски шампион. Во финалето на Светското првенство во Катар со подобро изведување на пенали ја победи Франција. По 90 минути беше 2:2, додека во продолжение секоја екипа постигна по еден гол. Во пенал рулетот Аргентинците ги реализираа сите четири пенали, додека Франција само два.

Ова е трета титула светски шампион на Аргентина во историјата. Првиот го освоија во 1978 година, а вториот во 1986 година. До титулата ги предводеше одличниот Лионел Меси, кој на тој начин го освои последниот голем трофеј што му недостигаше. Меси постигна два гола во финалето, додека вкупно имаше седум гола и три асистенции во првенството.

Меси имаше повеќе од рамноправен ривал на последниот тест во клупскиот соиграч Килијан Мбапе. Мбапе стана само вториот играч кој постигнал хет-трик во финалето на Светското првенство, но ниту тоа не беше доволно Франција да ја одбрани титулата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: