24 Октомври, 2024
0.0271

ЗМИИТЕ ЗАЧЕСТИЈА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ: експертите советуваат „не паничете, и при каснување има време да се стигне на доктор“

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Змиите зачестено излегуваат поради високите температури, поради што почесто се забележуваат од граѓаните. Експертите велат дека не е зголемен бројот на змии во земјава, туку дека е зголемена појавата на влекачи.

По бројните написи за зачестено забележување на змии во земајва, но и по двата случаи во кои граѓани се каснати од змии, експертите уверуваат, немаме зголемување на бројноста, туку зачестена појава. 

- Не станува збор за наезда на змии, туку за зголемена појавност. Причината за тоа се екстремно високите температури во текот на денот, кои надминуваат повеќе од 35 степени, со што се ограничува активниот период на змијата во текот на денот, затоа луѓето почесто ги гледаат и мислат дека има повеќе змии - изјави Богољуб Стеријовски од Македонско еколошко друштво (МЕД) за Канал 5.

Тој појаснува дека во Македонија, нема змии какви што има во други делови од светот, каде што за само неколку минути жртвата може да го изгуби животот.

- Кај поскокот, во услови кога сме каснати, најважно е да останеме смирени, затоа што секоја возбуда ја забрзува работата на срцето, а со тоа и се дистрибуира отровот многу побрзо низ нашето тело - изјави тој.

Неговата изјава ја пренесоа од друштвото на социјалните мрежи:


Препораките се при каснување од змија, да не се пие вода, да не се движи и да се остане смирен, за да биде посмирена и циркулацијата на крвта и прогресот на отровот. Исто така не треба да се подврзува над каснатото место, бидејќи во паника може да се стегне премногу бидејќи запирањето на крвотокот може да доведе и до последици по животот.

Тој не е единствениот кој истакнува дека нема зголемување на бројноста на змиите, туку само нивно почесто појавување. 

Владимир Димковски, кој основал фирма, единствена во државата за заловување на змии, за „Телма“ вели дека на вакво време е сосема нормално тие да се пораздвижени. Додадав дека нема простор за паника, иако е разбирливо што појавата на змии предизвикува вознемиреност кај луѓето, сепак нивниот број не е зголемен и е речиси идентичен како и претходните години.

- Треба да се внимава кога сме во природа, да не ги нагазиме или да не се движиме во нивна близина. Ако се соочиме со нив да застанеме и тие ќе си заминат без никаков проблем. Доаѓаат во нашите животни простори поради храна. Превенцијата е околината околу нас и во дворовите да бидат чисти, тревата да биде искосена, да не се прават купови од гранки или камења - вели Владимир Димковски, заловувач на змии. 

Тој истакнува дека, доколку некому се случи да биде каснат од отровна змија, да не паничат бидејќи има доволно време секој да стигне до првата здравствена установа.

- Населените места во Македонија се под надморска височина каде се појавуваат отровници. Поскокот и шарката се јавуваат над 800, 900 и 1000 метри надморска височина. Може да залута некоја отровна змија и треба да внимаваме. Но, имаме 2-3 часа да стигнеме до првата најблиска медицинска установа и да примиме противотров -  вели Димоковски.

Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров.

Фото: Принскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра