06 Октомври, 2024
0.0258

Знаеш да ја пееш химната? Еднаш у школо на патронат!

Објавено во: Стил 28 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

- А, знаеш да ја пееш химната?

- Еднаш у школо на патронат.

Ова е дијалог помеѓу поп-ѕвездата Тамара Тодевска и шоуменот Игор Џамбазов во новогодишно издание на „Преспав“ кое ќе се емитува на 31 декември на МРТ1. 

Пејачката која дефинитивно ја одбележа 2019 година, прво со историскиот евровизиски пласман за нашата земја, а подоцна и со ненамерната грешка при интонирањето на химната, ќе ја гледаме во специјалната епизода од хит-серијалот.

- Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи. Не велам дека ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени. Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата во која растат моите деца и земјата со која се гордеам. Се во животот е лекција, а јас ја научив мојата - изјави пред неколку месеци Тодевска за „Фокус“ откако се соочи со многу напади и навреди на социјалните мрежи.

Повеќе детали има Машки Магазин.


Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни