Добивај вести на Viber
Францускиот интернет сајт ретрет-етранжер истражуваше која земја е најдобра за пензионерски живот. Нивните истражувања покажаа дека на врвот на листата се наоѓа Мароко, а потоа следуваат Тајланд, островот Морис, Тунис и Португалија.
Листата е направена врз основа на осум критериуми, меѓу кои трошоците за живот, климата, безбедноста, можноста за интегрирање, цените на недвижности, квалитетот на здравствени услуги, инфраструктурата.
Според истражувањето, кое опфаќа 25 земји, на шестото место како најдобра земја на пензионери се наоѓа островот Бали во Индонезија, а потоа следуваат и Шпанија, Доминиканската Република, Сенегал и Италија.
Мароко го зазема првото место, пред сè заради медитеранската клима, прифатливите трошоци за живот и привлечната даночна политика. Второпласираниот Тајланд им се препорачува на пензионерите со авантуристички дух, кои не се плашат од оддалеченост, но и на кои не им пречи топлата и влажна клима. Трошоците во оваа држава се исклучително ниски.
И покрај многубројните привилегии за пензионери, Македонија не се најде на листата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: