19 Мај, 2024
0.0252

Знаете ли каде се наоѓа „Островот на љубовта“ ?

Објавено во: Стил 19 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Во тесниот канал помеѓу островот Пашман и копно, недалеку од Задар, се наоѓа ова островче налик на срце, Галешњак. Островот на љубовта како уште го нарекуваат има површина од околу 132.475 квадратни метри.

Со оглед на тоа дека на островот нема некои интересни работи кои би можеле да се посетат, претпоставуваме дека паровите и не одат таму поради тоа, туку за да уживаат во романтиката на срцеликиот остров.

Островот Галешњак можеби не е толку импресивен кога го набљудувате од копно или од вода, но кога го видите од воздух, тоа веќе е друга приказна. Инаку, островот стана хит дестинација откако неговиот, речиси совршен облик на срце, е откриен на апликацијата Google Earth.

Островот на љубовта е во приватна сопственост на Владо Јурешка и неговото семејство, а кога бројните парови почнале да доаѓаат на островот, тој го преименувал во Островот на заљубените.

Ова е еден од четирите острови во облик на срце во светот и единствено во Европа.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“