Знаете ли каде ве чека топло море во есенските месеци?
Објавено во: Стил 30 Октомври, 2014 21:31
Сезоната за капење и сончање во Хургада и Шарм Ел Шеик трае до Ноември, до тогаш нема дождови, ниту заладување, така што убавото време е загарантирано. Топлото море и хит цените на аранжманите ги чекаат оние кои летувањето го одложиле за Септември и планираат да отпатуваат во Египет.
Шарм Ел Шеик
Обалата на Шарм Ел Шеик ја сочинуваат три корални заливи опкружени со бедуински населби, планини и пустина. Центар на Шарм е плажата Наама, на која вдолж шеталиштето долго 3 км., се наоѓаат голем број на хотели, кафетерии, ресторани и продавници. Хотелите имаат сопствени плажи кои редовно се чистат, а секој гостин, покрај удобната дрвена лежалка и чадор направен од палмов лист, може да смета и на чист печкир за плажа. И покрај тоа што во хотелите имаат содржини за целодневно уживање, туристите не пропуштаат гњурење на атрактивни локации. Од Шарм секојдневно се организираат излети во најубавата подводна оаза во светот Рас Мохамед, во која има преку 200 видови на риби. Ако не сте подготвени да ја поминувате обуката за гњурење, за запознавање на волшебниот подводен свет доволни ви се обична маска и пераи. На плажа не одете без шешир и крема за сончање со висок УВ фактор, бидејки температурите и во есенските месеци се преку 30 степени.
Одвојте еден ден и за обиколка на Каиро. Некои агенции излетот го наплатуваат и по 70 еу. по лице, но кај некои локални агенции може да уплатите превоз до Каиро и ноќевање во хотел по цена од 85 еу.
Тргнете и на возбудливо сафари во пустина, кое чини 20 еу. Тоа е прилика со џип да се возите по песочните дини, да јавате камила и да ги обиколите бедуинските села.
Хургада
Обалата на Хургада е долга повеќе од 40 км. и градот не се протега далеку во Арапската пустина која го опкружува. На располагање ви се многу туристички села, но и луксузни хотели со „ all inclusive “ услуга, кои се наоѓаат во делот на градот Сакала.
Најубавите плажи се протегаат на Рајскиот остров, оддалечен околу еден час возење од Хургада. Островот е најпосетен од гњурачи, а поради големите бранови и од сурфери. На овој остров воглавно се оди во склоп на организиран излет, кој чини од 15 до 25 еу. Туристите радо ги посетуваат и плажите на новоизградениот град – хотел Ел Гоун, кој го нарекуваат и египетска Венеција.
Една од предностите на летувањето во Хургада е и можноста за посета на Луксор, каде што се наоѓаат најимпресивните храмови на египетската цивилизација. Се обиколуваат Мемноновите колоси, Долината на кралевите, храмот Hatshepsut и храмот во Курнак. Ручек во некој од рестораните на обалата на Нил ќе го потполни доживувањето. Поповолна цена на излетот може да добиете кај локалните туристички агенции за околу 22 еу.
Најатрактивна подводна оаза
За незаборавна гњуречка авантура и средба со јата на најразновидни рипки ви ја предлагаме подводната оаза Шаб Сабрина. Длабочината е мала, струите се благи, а морето е исклучително топло. Од сите пристаништа испловуваат бротчиња кои ве носат на најубавите места за гњурење. Пред да одите на пристаништето купете фотоапарат за подводно снимање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





