Знаете ли кој витамин што содржи?
Објавено во: Стил 23 Септември, 2014 20:10
Витамин А Потребен е за: подобар вид, имунитет, здрава кожа, мукозни мембрани и за ткивата. Најдобар извор: го има во храна богата со каротином кој во цревата се претвара во витамин А, пред се го има во: портокалот, црвеното и жолтото овошје и зеленчук (морков, компир, домат, диња) и зелено лисните овошја (спанаќ и брокули). Витамин Б1 (tiamin) Потребен е за: нормално функционирање на срцето, нервите, мускулите, органите за варење, помага во произведувањето на енергија. Најдобар извор: посно месо, мешункасти растенија и јаткасти овошја. Витамин Б2 (riboflavin) Потребен е за: произведување на енергија, добар имунитет и здрава кожа. Најдобар извор: млечни производи со мало количество на масти, посно месо, јајца, зеленото овошје.
Витамин Б6 (Piridoksin) Потребен е за: произведување на енергија, формирање на црвените крви зрнца, имунитет, нервниот систем и функцијата на хормоните. Најдобар извор: јунешко месо, мешункастиот зеленчук и зеленото овошје. Витамин Б12 Потребен е за: Произведување на енергија, произведување на црвените крвни зрнца, користење на фолната киселина, функција на нервниот систем. Најдобар извор: Посно месо, риба, јајца, млеко и млечни производи. Витамин Ц (аскорбинска киселина) Потребен е за: нормален раст, лечење на раните, отпорност од инфекции, формирање на коските и забите, ефикасна апсорбција на железото. Најдобар извор: јужно овошје, компир, домат, пиперка. Витамин Д Потребен е за: нормален раст, здрави коски, забите и ноктите, правилнa апсорбција на калциумот и фосфорот. Најдобар извор: млеко и млечните производи. Витамин Е (tokoferol) Потребен е за: опстанување на ќелиските мембрани и нивната заштита. Најдобар извор: билни масла, маргарин, јајца риба, интегрални житарки и грав. Витамин К Потребен е за: произведување на протеин за нормално згрутчување на крвта. Најдобар извор: зеленчук.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





