20 Декември, 2025
0.0583

Знаете ли колку Германија ја чини само еден мигрант?

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 08:31

Добивај вести на Viber

Германскиот економист и претседател на економскиот институт Ifo Ханс-Вернер Зин упати тешки прекори кон политичката елита на земјата во однос на политиката кон имигрантите. Според неговите зборови, социјалната држава делува како магнет за неквалификуваните имигранти, а неквалификуваните имигранти ги оптоваруваат социо-осигурителните фондови на земјата. "Значи, како во моментов се одвива миграцијата, не е правилно", пишува Ханс-Вернер Зин, претседател на институтот Ifo, во коментар на Frankfurter Allgemeine Zeitung. Германија е втората по големина цел за имигрантите по САД, но во однос на квалификациите на имигрантите е на едно од последните места во статистиките. Тоа би значело дека досегашната миграција се претвора во големо бреме за државните и социјални фондови. Во нето однос таа предизвикува на германската држава повеќе социјални трошоци отколку што приходи може да добие Берлин од даноци и придонеси. Според новото пресметување на институтот Ifo "фискалниот нето биланс изнесува минус 1.800 евра на имигрант на година". Тоа значи дека секој просечен имигрант го чини 1800 евра годишно германскиот буџет, покажува истражувањето на Bertelsmann. "Со оглед на тој сооднос, треба конечно да се одржи идеолошки ослободна и политички коректна дебата за миграциската политика", пишува Зин во FAZ. Тој исто така ги нападна и дел од медиумите кои го дешифрирале погрешно истражувањето на Bertelsmann и пишувале за наводни "милијарди профит на Германија од имиграцијата". Студијата на Bertelsmann на крајот дојде до негативен резултат со "имплицитен дефицит" во износ од 79 100 евра за имигрант за целото време на неговиот престој, нагласува Зин. Истовремено, тој ги повика сиромашните мигранти од ЕУ да добиваат социјални исплати само од нивната матична земја, а не од земјата домаќин. Покрај тоа Германија требало да спроведе поголема контрола и филтрирање на миграцијата надвор од ЕУ. "Треба да се воведе и систем на бодување, кој треба да ги избира и рангира имигрантите според нивните професионални квалификации, возраст, здравствена состојба, јазични вештини и состојба". Зин ги предупредува Германците за драматично влошување на економијата, предизвикано од намалувањето на наталитетот. "Ако сакаме да го стабилизираме соодносот меѓу млади и возрасни луѓе на денешното ниво, а во исто време да се стабилизира нивото на пензиите и големината на придонесите за пензиско осигурување, ќе бидат потребни вкупно 32 милиони млади имигранти, повеќето од нив веројатно надвор од Европа", пишува Зин. Според него, сепак е тешко да се замисли дека германското општество располага со потребната сила на асимилација и толеранција кон толку масовна имиграција. И во моментов подготвеноста на населението да апсорбира голем број бегалци е ограничен, како што покажуваат на пример Pegida и други протестни движења, предупредува економистот од Ifo. Затоа Зин ги повикува германските лидери да одржат активна политика меѓу населението, па да се стимулира наталитетот. Според неговите зборови, Германија има потреба од "фундаментална и радикална промена на изопачените стимулации во даночното и пензиското законодавство во поддршка на семејствата со деца". К.К.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја