ЗНАМ: Некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 15:07
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство, велат од ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува вчерашното дивеење и сквернавење на знамето на Македонија додека се славеше Денот на албанското знаме.
„Секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот, како и државата. Ваквиот чин покажува дека некој или некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле, школувале, работат, живеат“, велат од ЗНАМ.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија може со жалење да констатира дека тоа што вчера се случуваше на многу места низ државата, а особено вандалското однесување на поединци и групи во Скопје и Куманово, со непочитување на законот за употреба на знамињата и уништување и сквернавење на нашето државно, но и знаме на Македонците е за најостра осуда. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се залага за почитување на законите, за владеење на правото. Токму затоа секој што се однесува спротивно на тие воспоставени демократски принципи, мора да одговара за своите постапки, а не да се крие зад лажната борба за национални права и слободи. „Јавно ги осудуваме ваквите настани и ја поздравуваме реакцијата на Министерството за внатрешни работи. Очекуваме и Обвинителството да го заврши својот дел од работата и сите оние што го прекршиле законот да ги изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според законот. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека секој што има намера да ја дестабилизира Македонија и да го доведе во прашање Уставниот поредок, да ја загрози безбедноста на граѓаните и да предизвика омраза ќе мора да се соочи со последиците. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека Македонија е демократска земја во која се почитуваат правата на секој човек, секој граѓанин, на сите етнички заедници што живеат во неа, но не може и не смее да дозволи непочитување на законите и симболите на државата, но и на Македонците. Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека не можеме и не смееме да дозволиме некој, поради остварување на сопствените цели и фрустрациите од изгубените позиции да ги користи младите луѓе за ширење насилство, омраза и дестабилизирање на меѓуетничките односи“, велат од ЗНАМ. Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице е приведено. Собирот бил ненајавен и се одржал в период од 18:00 до 22:00 часот. Полициски службеници го привеле Б.Џ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




