ЗООНЕГУВАТЕЛОТ ВОЈО ИВАНОВ СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Директор на ЗОО да биде Галетановски, зоолошката е во многу тешка состојба!
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 06:00
Познатиот зоонегувател Војо Иванов, на социјалните мрежи објави отворено писмо до новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во писмото тој наведува дека скопската Зоолошка градина е во многу тешка состојба и го покани градоначалникот да дојде да ги посети вработените, да ги запознае бидејќи се близу со неговата канцеларија.
Тој исто така јавно побара за директор да биде поставен Ѓорѓи Галетановски, поранешен дирекрот на ЗОО и поранешен претседател на градската организација на СДСМ.
„Почитуван Градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Се обраќам јавно исто како и на претходната „мајка“ на Градов-кога јавно ја молев да не посети, слушне и разбере, ама за жал ништо не направивме - напротив, не ни очекував дека може до тука да не донесе, ама ете....
Следната година треба заедно да славиме 100 години постоење. Не сум сигурен со сегашнава состојба дали има нешто за славење, за жал ние управуваме со институција во која енергијата на дневна основа многу се рефлектира на животните и секако посетителите можат исто така да ја почувствуваат.
Ние вработените зоонегуватели, имаме специфична работа - од една страна нив да им придонесеме за благосостојба секој ден, од друга страна да мотивираме и едуцираме публика да сака и почитува природа, директорите само треба да ни бидат сенка и ветер во грб за да може ние да си ја завршиме работата.
Ве замолувам и предупредувам од ризик на нови експерименти, институцијата ни е во многу тешка состојба!
Целиот мој живот го фокусирав на работа со животни.
Целата моја енергија ја посветувам таму на Илинденска, сега веднаш до вашата канцеларија.
Кога имате време, посетете не па и ќе не запознаете како тим.
Прееска ме мотивиравте со интервју во кое се трудите да ја добиете довербата со изјавата дека директно ќе се вклучите во работата на секоја јавна установа, иако признавам не гласав за вас, се надевам дека коректно ќе постапите и дека ќе ме уверите дека сум згрешил.
Би сакал да не води човек кој ќе не слуша, кој ќе има пасија и желба да научи, првично за нашата работа, а потоа неопходно добар менаџер.
Мој предлог беше да го вратите Ѓорѓи Галетановски.
Затоа што навистина немаме време и капацитети да експериментираме - а тој се надевам ќе се откаже од сегашните ангажмани и ќе се врати? Тука сме истите луѓе, истиот простор и животни, само таа позиција е различна, покажавме дека од институцијава може да направиме добра приказна.
П.С. Мислам дека со годиниве наназад покажав доволно дека немам апсолутно никакви амбиции да бидам на таа функција! Затоа и молам статусов да не се доживее за таков - уживам денот да го поминам во штала, во базен, да мирисам на бара, риба, по малце на камили, да бидам искасан од пингвини, а во џебовте да перам кликери и таблети, уживам да шетам и раскажувам на деца за природата, па дури и да урлам и се карам за викенди со публика.
Барам - замолувам, само да можеме да работиме!“, напиша Иванов.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




