Зорпидис: Ципрас ќе води со себе необразовани превртливци во Скопје
Објавено во: Економија 30 Март, 2019 12:21
Претседателот на Солунската трговска комора Михалис Зорпидис денеска рече дека бизнис-деегацијата што со себе во вторник ќе ја носи грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје ќе биде составена од „необразовани превртливци премачкани во 300 бои“.
Шефот на Стопанската комора на Солун пред два дена одби да учествува во делегацијата и објави дека владата на Ципрас бара бизнисмени да ги придружуваат како декорација на премиерот во претстојната посета на Македонија.
Говорејќи за грчки СКАИ, Зорпидис тврди дека владата сака да направи театар од посетата на Ципрас и панираниот бизнис-форум.
Зорпидис нагласи дека тој и другите членови на Комората не беа поканети од владата на состанок за да се подготват за посетата на 2 април, туку едноставно биле повикани да го следат премиерот без агенда. Одлуката на Советот на комората за неучество била донесена едногласно и не ги одразувала неговите лични ставови.
Тој истакна дека ако сака може во кое било време да патува во Скопје за бизнис и затоа нема намера да замине во соседната земја за да биде фотографиран со придружбата на премиерот.
Министерот за дигитална политика Никос Папас претходно го обвини дека се однесува лицемерно, политички, додека остварува бизнис-релации во Северна Македонија.
Претседателот на Комората тврди дека "не прави бизнис" во Скопје, но во секој случај тоа не е проблем, бидејќи не е незаконско да се работи во соседната земја.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




