Зошто агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на „Прокредит банка Македонија“?
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 12:25
Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на „Прокредит банка Македонија“ , објави во петокот светската новинска агенција „Ројтерс“.
Во веста за намалувањето на кредитниот рејтинг што може да ја прочитате на следниов линк http://mobile.reuters.com/
Според објавеното, оценката на Фич е дека изгледите се негативни, а оригиналната генерална сентенца е The Outlook is Negative.
Во своето рангирање „Фич“ оценува дека влијание врз рејтингот на банката го има генералното намалување на кредитниот рејтинг на Република Македонија кој во средината на август беше намален на „ББ“. Според познавачите многу е очекувано и нормално да може да се случи намалување на кредитен рејтинг на банка во услови кога има снижување на кредитниот рејтинг на државата во која делува конкретна банка.
Сепак, аналитичарите на „Фич“ како причина за снижување на рејтингот на „Прокредит банка Македонија“ го наведуваат и нејзиниот потесен спектар на деловни операции во споредба со поширокиот банкарски сектор, како и тоа што фокус во бизнисот се малите и средни претпријатиа кои во голема мерка зависат од економските текови на националната економија.
Од билансите пак за 2015 година се гледа дека на „Прокредит банка“ и одело подобро од работењето во 2014 година. Лани банката ја завршила годината со добивка од 272,9 милиони денари што е 1,1 милиони евра подобро од работењето во 2014 година.
Лани банката имала нето приходи од камати во износ од 797,6 милиони денари што е за 3 милиони денари помалку од 2014 година, а нето приходите од надоместоци и провизии се 265,2 милиони денари.
На крајот на 2015 година депозитите на коминтентите се на ниво од 13,2 милијарди денари што е за една милијарда денари повеќе од 2014 година. Во ист сразмер со растот на депозити и заштеди расте и кредитирањето – за една милијарда денари. На крај на 2015 година нивото на кредитни пласмани е 15 милијарди денари.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




