01 Ноември, 2024
0.0438

Зошто акцијата на „Кристал“ пазарно вреди колку литар зејтин, но не може да ја купи секој?

Објавено во: Економија 12 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

„Кристал“ за шест месеци годинава направи приход вреден 7,8 милиони евра и тоа е за 53% повеќе од истиот период лани. И во такви услови цената на акцијата на „Кристал“ ја нема на берза, но некој сепак успева да ја најде и плати како литар зејтин, а книговодствено вреди 6 пати повеќе

Велешката трговска компанија „Бане Комерц Трејд“ докупи над 1.200 акции со право на глас во „Кристал“ најголемата македонска индустрија за производство за зејтин од сончоглед. Интересно е тоа што„Бане Трејд Комерц“ докупи вкупно 1.232 акции со право на глас за кои плати по 152 денари за акција или вкупно за 0,3 отсот од капиталот плати само 3.000 евра. Книговодствено овие акции на „Кристал“ вредат речиси 6,4 пати повеќе. И уште позанимливо е тоа што овие акции многу ретко или речиси никогаш не можат да се најдат во слободна продажба на Македонската берза за хартии од вредност.

Но затоа на „Бане Комерц Трејд“ му успева четврти пат во рок од три месеци да купи повеќе од 5.200 акции со право на глас во четири трансакции и тоа по таа цена од 152 денари за акција. Со псоледниве четири трансакции велешката компанија стана сопственик на 9,1 отсто од гласачките права во „Кристал“.

„Кристал“ од Велес стана особено атрактивна компанија со избивањето на здравствената пандемија во која почна да расте цената на маслото за јадење. Вредноста на „Кристал“ уште повеќе се зголеми откако изби војната во Украина затоа што оваа земја е најголем производител и извозник на масло за јадење во Европа.

А важно е тука да се истакне дека токму Кристал е единствен македонски производител со заокружен процес што значи од засејување и производство сончоглед донесен од нива до масло за јадење во шише. Ниту еден друг производител на масло за јадење во Македонија нема таков затворен систем туку користи увозна суровина која во овој период тешко се наоѓа и е се поскапа.

Најголеми акционери во „Кристал“ остануваат неговиот директор Горан Лазов кој поседува 16,4 отсто, а велешката фирма „Агро – Ели“ има 11,8 отсто. Фирмата „Малина“ од Велес има 9 отсто, „Скамбио“ 9,3 отсто, а 24,9 отсто од акциите се „стерилизирани“ бидејќи се во сопствен откуп на оваа прехранбена индустрија. 

Финансиските извештаи за првите шест месеци покажуваат дека компанијата има залиха на полугодие во вредност од безмалку еден милион евра, оперативни расходи од 6,2 милиони евра, поголеми за 70 отсто од истиот период лани и нето добивка во вредност од 276.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат