05 Декември, 2025
0.0277

Зошто целата процедура за одземање имунитет кога на шесте пратеници не им следува?

Објавено во: Анализа 30 Ноември, 2017 07:41

Добивај вести на Viber

Вистинска правна дилема е зошто е побарано од Собранието да решава за одземање на имунитетот на шесте пратеници кои ЈОРМ ги сомничи за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста бидејќи за ова дело не им важи имунитетот, затоа што за него е припишана минимална казна од 10 години затвор. Пратениците немаат имунитет ако се фатени во вршење на дела за кои е пропишана минимална казна поголема од 5 години. За било кои други дела за одредување притвор најпрво Собранието преку соодветна процедура треба да утврди дали ќе го одземе или не имунитетот на пратеникот.

Барањето за одземање на имунитет од Кривичниот суд е поднесено за пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчувловски и Љубен Арнаудов. 

Комисијата за мандатно имунтитетни и деловнички прашања во Собранието чиј претседател е Павле Богоевски е подготвена да заседава. Според процедурата, барањето треба да стигне до претседателот на Собранието, а тој да го препрати до претседателот на комисијата којшто треба да ја свика комисијата.

Главната причина поради која е поведена оваа процедура најверојатно е да не се антагонизира јавноста дополнително, како и да се обезбеди дополнителна права сигурност дека пратениците во соодветна собраниска процедура која ќе ја водат нивни колеги за што ќе има и расправа ќе донесат конечна одлука за нивниот имунитет.

Уште еднаш треба да посочиме за делот од јавноста кој не е запознаен со сите правни детали дека пратеничкиот имунитет не ги ослободува од кривична одговорност за криминал туку само регулира процес во кој тие не може самоволно да бидат притворени од властите. Овој правен принцип е прилично стар и потекнува од времето на уставните монархии кога по наредба на кралевите често се притворале народните претставници во парламентите.

Инаку Комисијата на Собранието за мандатно-имунитетни прашања има обезбедено кворум и денеска се очекува да заседава на седница која ќе се одржи во 12 часот. 

Комисијата за имунитет со мнозинство гласови донесува заклучок, но конечна одлука се носи на пленеарна седница на Собранието кое треба во рок од три дена да го усвои или одбие предлогот за што е потребно просто мнозинство со 61 глас.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени