Зошто „Европа“ продаде акции во „Фершпед“ со загуба од 108.600 денари за акција?
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2017
Скопската кондиторска индустрија „Европа“ продаде 120 акции во „Фершпед“ по цена од 44.000 денари за акција и повеќе не е акционер во јавниот регистар на акционери што го води Централниот депозитар за хартии од вредност затоа што сега поседува помалку од 5 отсто од акциите во „Фершпед“.
„Европа“ ги продаде овие 120 акции по цена од 44.000 денари за акција во блок трансакција на 16 јуни годинава. По оваа продажба во инвеститорската јавност се отвори прашањето зошто „Европа“ продаде акции во „Фершпед“ со загуба од над 211.000 евра односно по цена што е за 108.600 денари помала од цената по која ги купиле акциите во декември 2014 година.
Имено, последен пат „Европа“ купи акции во „Фершпед“ на 25 декември 2014 година. Тогаш за над еден милион евра купи 422 акции со право на глас. Единечната цена по акција што ја плати „Европа“ беше 152.600 денари и тоа е 108.600 денари помалку од цената по која што сега ги продадоа акциите. Вкупната разлика во цена односно диспаритет е 13,03 милиони денари односно над 211.000 евра. „Фактор“ во рамки на својата мисија за објективно известување пишуваше на темата за купувањето на акции во „Фершпед“ која може да ја прочитате на следниот линк.
Кој одобрил продажба на акции со капитална загуба?
„Фактор“ со цел целосно и објективно информирање на јавноста и малите акционери во „Европа“ испрати прашања до компанијата и побара информација за тоа кој орган на управување ја донел одлуката за продажба на акции, дали одлуката за продажба е одобрена од акционерско собрание и од кои причини односно со кое образложение се продадени тие 120 акции во „Фершпед“. Доколку добиеме одговори на прашањата ќе ги објавиме во целост.
„Фактор“ испрати прашања и до акционерите на „Европа“ кои се водат во евиденцијата на ЦДХВ, а кои имаат над 5 отсто од акциите. Прашањата се доставени до Драган Наков голем акционер во „Фершпед“ кој воедно е и член на управниот одбор на „Фершпед“ и член на Одборот на директор на „Европа“. Мила Левентиќ од Хрватска –голем акционер во „Европа“, до „Макошпед“ и други големи акционери. Сите овие акционери „Фактор“ ги праша дали се известени за оваа одлука за продажба? Дали ја одобриле и од кои причини ја одобриле? Ако пак не ја одобриле дали би превземеле нешто во насока на заштита на нивните акционерски права?
Доколку добиеме одговори од акционерите ќе ги објавиме во целост.
Што да се очекува од големиот ремонт во „Европа“?
Димитрова во оперативното управување со „Европа“ ќе ја замени Марика Караџова, која доаѓа од раководно место – шеф на комерција во „Фершпед“. Караџова сега е извршен член на Одборот на директори и е генерален директор на „Европа“. Логично е „Фершпед“ како најголем поединечен акционер во „Европа“ да има одлучувачки збор при изборот на нов генерален директор во компанијата. „Фактор“ во почетокот на мај ја најави промената на Димитрова, но тогаш никој од повиканите страни ниту Димитрова ниту Драган Наков не дадоа одговор за причините заради кои Димитрова ја напушта „Европа“.
Од достапните јавни податоци се гледа дека акционерите во „Европа“ одлучиле и направиле голем ремонт во раководењето со компанијата. Прво, одлучено е компанијата да не се управува двостепено и затоа се избришани Управниот одбор и Надзорниот одбор. Од крајот на мај компанијата се управува со едностепен орган кој се вика Одбор на директори. Во него има седум членови од кои четири членови се неизвршни, а тројца се извршни членови. Од извршните еден член е генерален директор на компанијата.
Интересно е тоа што од плејадата „стари борци“ од управниот одбор на „Европа“ во новиот орган на управување повеќе покрај Сава Димитрова не е ниту Штерјо Наков, таткото на Драган Наков најголемиот поединечен акционер во „Фершпед“. Во новиот состав на Одборот на директори од старите членови на Управниот одбор е само Јасмина Цветаноска, додека Ивана Левентиќ, која е во роднински врски со големиот акционер Мила Левентиќ, и Александра Младеноска повеќе нема да учествуваат во управувањето со компанијата. Од „старата гарда“ од Надзорниот одбор во новиот состав на Одборот на директор не поминаа ниту Коста Младеноски, претставникот на големиот акционер „Макошпед“ и Стерјо Зиков, досегашен претседател на Надзорниот одбор. Во новиот состав на Одборот на директори од страрите членови на Надзорниот одбор заедно со Драган Наков преминаа и големите поединечни акционери во „Европа“: Есамедин Хасани, застапник за „Европа“ на Косово и кичевецот Селаудин Арифи, сопственик на фирмата „АС Сењак“ која поседува 18 отсто од акциите со право на глас во „Европа“.
Нови членови на Одборот на директори на „Европа“ се две жени кои заедно работеле досега во „Фершпед“. Едната е Марика Караџова, која сега е генерален директор на „Европа“, а другата е Наташа Милева најголем поединечен акционер во „Уготур“. Милева, која е независен член во Одборот на директори, поседува 24,9 отсто од акциите во „Уготур“ и нив ги стекна во период пократок од половина година. Во јавноста Милева стана позната по тоа што купи одредена количина акции во „Уготур“ по цена од 7 денари за акција од „Фершпед брокер“. Тие акции пак претходно „Фершпед брокер“ ги купи по цена од 101 денар од својата фирма мајка „Фершпед“. Во претходна трансакција Наташа Милева купи акции во „Уготур“, а ги продава „Технометал Вардар“.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.