05 Декември, 2025
0.0302

Зошто имотите на Барбадос и кај езерото Комо се толку скапи?

Објавено во: Стил 12 Август, 2013 22:05

Добивај вести на Viber

Одговорот е едноставен, купувачите плаќаат помеѓу 10 и 100% повеќе само затоа што еден имот е во близина на вода. Ова го покажа еден од извештаите на „Knight Frank“. Со најголема премија се продаваат имотите на езерото Комо во Италија, иако тоа се наоѓа само на 50 километри северно од Милано. Ова важи и за имотите на Барбадос, пишува „The Wall Street Journal“. Просечната цена на луксузните имоти таму се на ниво од 1,8 и 5 милиони долари. За 89% повеќе од просекот се нудат луксузните станови на островот Пукет, каде нивната просечна цена е околу 5,2 милиони долари. Најскапи сепак се луксузните имоти во Дубаи, каде што се продаваат во просек 26.2 милиони долари. Со 40 и 60% премија се нудат куќите во Мајорка (Шпанија), Кејп Таун (ЈАР), Кан (Франција), Мајами (САД), Алгарве (Португалија), додека со 30% во Хамптонс. За целите на анализата од Knight Frank анализирани се десет различни пазари на недвижности.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: