02 Април, 2025
0.0311

Зошто Македонците јадат најмалку месо во Европа?

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Македонците јадат најмалку месо во Европа, а Шпанците најмногу. Нашите граѓани, Албанците, Турците и Молдавците најмалку консумираат месо, покажува мапата за потрошувачката на месо по држави во Европа, која ја објави „Landgeist“. Годишно жителите на овие земји консумираат по 39 килограми месо.

Намаленото консумирање на месо најверојатно се должи на економската состојба во државата, меѓутоа треба да се истакне дека во последните години свесноста кај Македонците во однос на исхраната е на повисоко ниво.  Некои луѓе го исклучуваат месото од исхраната целосно, некои делумно. Причините се различни: здравствени проблеми (кардиоваскуларни заболувања, малигни заболувања, гихт, замастен црн дроб, лош липиден статус итн.), практикување на здрав начин на живот, економската состојба. И би сакала да истакнам како нутриционист дека не препорачувам целосно исклучување на месото од исхраната“, вели нутриционостот Диана Шалевска.

Граѓаните кои ги анектиравме велат дека обично по двапати во неделата консумираат оброци со месо. Некој внимава на здравјето, некој не сака многу месо, но додаваат дека и сиромаштијата има влијание за тоа кои продукти ќе се најдат на македонската трпеза.

„Мислам дека кризата и сиромаштијата, немањето пари имаат влијание. До двапати неделно јадеме месо. Скапо е, а стандардот не дозволува повеќе“, вели Валентина Младеновска, граѓанка.

Но, има и граѓани кои поради здравствени проблеми не јадат многу месо.

„Конкретно јас, моето семејство, децата ми се во странство, а ние избегнуваме месо, поради холестерол. Поради здравјето, ние конкретно избегнуваме, а ако јадеме тоа е свинско или мелено мешано месо, додека почесто внесуваме риба“, објаснува Анита Николиќ, граѓанка.

Граѓаните велат дека повеќе внесуваат зеленчук и овошје.

„Тоа е до навиките на луѓето. Не јадам многу често месо, околу двапати неделно и тоа  свинско месо“, рече Лидија Стојановска, граѓанка.

Шпанците јадат по 99 килограми месо годишно. Зад нив се Португалците, со 95 килограми годишно. На трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Во регионот, најголема потрошувачка на месо има Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина по 43 килограми.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/yarunivstudio

Можеби ќе ве интересира

„СЛУШНАВ ИСТРЕЛ, ПУКАЊЕ, АМА НЕКАКО ТАПО“: Кешишев со детали за убиството на Вања - дека е малолетничка дознал откако се завршило

„СЛУШНАВ ИСТРЕЛ, ПУКАЊЕ, АМА НЕКАКО ТАПО“: Кешишев со детали за убиството на Вања - дека е малолетничка дознал откако се завршило

Невладини здруженија ги поздравија законските измени против родовата идеологија

Невладини здруженија ги поздравија законските измени против родовата идеологија

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОАЛИЦИЈАТА Е СТАБИЛНА, ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ: И Милошоски и Филков имаа лош ден, секој има право на тоа, лошиот ден помина

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОАЛИЦИЈАТА Е СТАБИЛНА, ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ: И Милошоски и Филков имаа лош ден, секој има право на тоа, лошиот ден помина

ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - тројца членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против

ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - тројца членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против

Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале

Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале

„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“

„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“

„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...

„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Водостојот на реките уште ќе расте, внимателно движење покрај реките и суводолиците

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Водостојот на реките уште ќе расте, внимателно движење покрај реките и суводолиците