05 Април, 2025
0.0277

„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 11:26

Добивај вести на Viber

Демократската унија за интеграција (ДУИ) прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите политички партии и меѓународно набљудување од ОБСЕ, САД и Европската Унија?

„Трагедијата во Кочани ја разоткри вистината за целосното заробување на државата. 
Владата не само што не превенираше катастрофа која цела година била позната на надлежните институции, туку и го злоупотреби системот за да ги заштити одговорните. 
Прво со политички притисок врз обвинителството – преку заплашување на обвинителот со партиски активисти на улица, потоа со иницијатива за негова смена, за на крај да му биде ветено останување на функцијата доколку игра по диктираните правила.

Освен тоа, владата ги притисна медиумите, граѓанското општество и сите критички гласови, претворајќи ја државата во партиска алатка за амнестирање на виновниците.

По трагедијата, наместо институционален одговор, сведочиме на селективна правда – обид да се префрли одговорноста на други, без истрага за оние кои навистина беа одговорни за превенција. 

Две недели по трагедијата, Собранието не собра сила ниту да одржи комеморативна седница, бидејќи партиската контрола врз институциите е посилна од моралната и општествената одговорност.

Затоа, ги повикуваме пратениците да ја послушаат сопствената совест, да размислат за семејствата на жртвите, за довербата во системот, и да го потпишат барањето на Европскиот фронт за формирање на анкетна комисија во Собранието. 

Селективната правда ќе биде извор на огромна недоверба и деформација на системот во иднина.

ДУИ останува посветена на вистината, транспарентноста и правдата – и нема да дозволиме оваа трагедија да се затвори без целосна истрага со меѓународно набљудување“, велат од ДУИ.


Можеби ќе ве интересира

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?