05 Април, 2025
0.0641

„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 10:28

Добивај вести на Viber

„Кочани – прекинатата младост“ гласи документарецот кој го направи Хрватската радио-телевизија и го емитуваше синоќа.

Емисијата посветена на трагедијата која го покоси Кочани, а го рани в срце цел балкан преку директни сведоштва и лични раскази, ја прикажа болката и огорченоста на граѓаните, кои ја анализираат трагедијата и нејзините причини.

Во документарецот, соговорниците во прво лице го изнесуваат својот став за одговорноста, при што главната критика е насочена кон сите досегашни власти и функционери кои, според нив, дозволиле создавање на нефункционален и корумпиран систем. Но, виновници што сме го дозволиле ова, сме и сите ние, велат дел од сведоците. Емисијата заврши со најтажната народна песна: 

Жали горо, црни сестро,
двајца да жалиме.
Ти за твоите лисја, горо,
јас за мојта младост.
Твојте лисја, горо сестро,
слана ги попари.
А мојата младост горо,
мајка ја зацрни.
Што ме даде, горо сестро,
многу надалеку.
Надалеку, горо сестро,
преку девет гори.
Надалеку, горо сестро,
зедов старо аро.
Твојте лисја, горо сестро,
в' пролет ќе разлистат.
А мојата младост горо,
нема да се врати


Извор: Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето