01 Мај, 2024
0.0248

Зошто младите се селат на Твитер?

Објавено во: Стил 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Истражувачкиот центар PEW од Америка, во анализата направена минатата недела, дојде до сознание дека младите Американци се почесто се решаваат да го избришат својот Фејсбук профил и да преминат на Твитер. Пресметано е дека скоро 94% од младата популација користи Фејсбук, но не така активно како во почетокот и сè почесто преминуваат на Твитер. Одговорот лежи во тоа што на Твитер има помалку постари луѓе, помалку родители, помалку глупави фотографии, помалку лажни пријатели и помалку драма околу сè и сешто. Она што е загрижувачко е податокот дека повеќе од 60% од младите се изјасниле дека воопшто не обрнуваат внимание за она што го поставуваат, податокот дека споделуваат приватни детали и информации кои лесно можат да бидат злоупотребени. Анализата покажува дека дупло повеќе приватни информации се споделени на социјалните мрежи во 2012, отколку во 2011 година. Многу млади признале дека се случувало да бидат навредени од некој коментар, па го избришале, или дека често некој се обидува да им влезе во пријатели под лажно име и профил.