19 Декември, 2025
0.0463

Зошто на Германците треба да им „палиме свеќа“?

Објавено во: Економија 10 Септември, 2021 08:25

Добивај вести на Viber

Верувале или не, македонскиот извоз во Германија за првите седум месеци е речиси две милијарди евра и тоа доаѓа околу половина од целиот извоз до крај на јули. Пријателите во мака се познаваат или низ бројки: 600 милиони евра повеќе извоз за Германија во однос на истиот период лани. Германија е најголем извор на девизи за македонската економија затоа што имаме суфицит во трговската размена вреден 1,37 милијарди евра. Па и со таков суфицит, на крај на јули сме кратки 1,45 милијарди евра...

Германија во континуитет е гумата за спас на нашата економија. Германија апсорбира половина од (поточно 48,5 отсто) целиот македонски извоз и со тоа обезбедува девизен прилив што е клучен за одржување на каков-таков стабилен девизен курс на нашата национална валута, повторно докажуваат официјалните податоци на државниот Завод за статистика.

Во Германија нашата економија извезла пред се стоки, но и услуги во вредност од 1,937 милијарди евра што во споредба со истиот период лани е зголемување за речиси 45 отсто односно 600 милиони евра.

Колку и да звучи неверојатно Македонија има суфицит од трговската размена со Германија во вредност од 1,37 милијарди евра. Само за споредба втор по големина трговски суфицит имаме со соседно Косово и тој изнесува 115,7 милиони евра. Плус во трговската размена (вреден за истакнување) имаме уште само со Словачка и со Шпанија. Во размената со Словаците „сме добри“ 50 милиони евра, а со Шпанците 18 милиони евра.

Со сите останати (вкупно 16) од 20 земји со кои имаме најголема трговска размена „сме во минус“ што значи дека повеќе стоки и услуги увезуваме одошто извезуваме.

На другата страна односно кај увозот, доколку ја изоставиме Велика Британија од која заради „Џонсон Мети“ имаме најголем увоз, земји со кои имаме најголем дефицит во трговската размена се Кина со 283 милиони евра, Грција со 260 милиони евра, Турција со 209 милиони евра, Србија со 200 милиони евра и Полска со 132 милиони евра.

Вкупниот извоз на Македонија во првите седум месеци изнесува речиси 4 милијарди евра, а увозот е 5,44 милијарди евра. Кусокот во трговската размена со светот е 1,45 милијарди евра.

Повеќе детални информации на слендиот линк

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии