20 Декември, 2025
0.0772

Зошто на венчавките трошиме цело богатство?

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013 11:55

Добивај вести на Viber

Стотици поканети гости (60% од нив прв пат ги гледаме), луксузни автомобили, цело богатство за подароци... Сите за венчавки трошиме повеќе отколку што имаме; токму затоа важи онаа поговорка дека најраскошната венчавка ја прават сиромавите. Англичаните направиле истражување кое анализира зошто толку трошиме. Колку чини една свадба? Ако не сте направиле свадба не можете ни отприлика да погодите. Бидејќи, со колку и да е нули, овие износи се повеќе од оние кои некогаш сме биле спремни да ги потрошиме. Во Велика Британија пресметале дека просечната цена на "големиот ден" во последните триесет години двојно се зголемила. Се проценува дека Англичаните годишно трошат 7 и пол милијарди фунти за венчавки. Ако тоа се подели на поединечни венчавки - секој троши помеѓу 21 и 25 илјади финти, што е износ еднаков на една просечна годишна плата. Младоженецот и другарите "Колку повеќе трошиме на венчавки, толку е поголема стапката на разводи", коментира сер Пол Колриџ, стручњак со долгогодишно искуство во семејно право. Тој смета дека сето тоа е влијание од холивудските и другите венчавки на познатите. Последицата од сето ова е дека секој петти пар од нивната брачна ноќ влегуваат во сериозни долгови. "Во минатото венчавките беа тивки и дискретни прослави. Денес моминските и момачките забави се протегаат низ целата недела, па не е тешко да замислите каква е венчавката. А луѓето навистина полудеа. Едни клиенти нарачаа нивниот двор да го претворам во Венеција" "Често работам за младоженците кои не штедат да потрошат еден милион фунти за нивниот голем ден, а најголемата сметка ми е 4 милиони фунти. Но, никој не може да се спореди со Русите и еден тамошен богаташ кој за венчавката на свojata ќерка, потроши повеќе од 10 милиони фунти." Се е до стравот Ова трошење наводно има и психолошка позадина. Барем така тврди психологот Оливер Џејмс: "Последните истражувања се темелат на претпоставката дека скапата венчавка им дава на паровите чувство дека иднината ќе биде посигурна." Истражувањето спроведено на 572 парови покажува дека тие имаат недоумици поврзани за иднината: дали го избрале вистинскиот партнер, дали воопшто треба да се венчаат и како ќе изгледа нивниот живот во иднина. "Но, кога ги импресионирате гостите со скапи венчавки, тие стравови се потиснати", објаснува Џејмс. Со други зборови, колку е поголемо неспокојството поради иднината, толку е поголема шансата венчавката да биде скапа. "Минатиот век венчавките беа скромни, но многу жени се мажеле поради парите. Денес е обратно: се трошат огромни суми на пари за венчавки, а никој не сака да признае дека се венчал од материјални причини", вели Џејмс.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии